И покрај тоа што има голема предност во генералниот пласман и е на прагот на освојување на четвртата титула во последните пет сезони, Луис Хамилтон не е најплатен возач во Formula 1

Возачот на Mercedes неодамна потпиша нов договор со германскиот тим со кој треба да заработува околу 51 милиони долари годишно, но во сезоната 2018 највисок приход има Себастијан Фетел. Додека договорите во голема мера зависат од резултатите и бонусите, возачите сè уште имаат загарантиран дел.

Ова е листата на најплатените возачи во Formula 1 за сезоната 2018 година

На прво место е Фетел, кој е во првата година од новиот тригодишен договор. Тој оваа сезона ќе заработи гарантирани 50 милиони долари за да во следните две сезони загаринтираниот дел биде 30 милиони долари со очекуваните бонуси.

Зад него е Хамилтон со загарантирана плата од 31 милион долари. Сепак, Британскиот возач може да се пофали високи бонуси врз основа на одличните резултати, па следната година, кога новиот договор ќе стапи во сила, ќе може да заработи до 70 милиони долари.

Ferrari не жали пари за врвни возачи што е потврдено и со фактот дека Кими Раиконен заработува 40 милиони долари годишно. Финскиот возач е во последната година од договорот и тешко е да се очекува да биде во тимот и следната сезона.

Фернандо Алонсо објави пензионирање по оваа сезона, но до тогаш тој ќе заработи дополнителни 30 милиони долари.

Следат Валтер Ботас (12 милиони евра), Макс Верстапен (10 милиони евра), Штофел Вандорн (7 милиони евра), Даниел Рикардо (6 милиони евра), Нико Хулкенберг (5,5 милиони евра) и Серхио Перез (5 милиони). На дното на листата е Чарлс Леклер со годишна плата од 150.000 долари.