Најмалиот кросовер модел на Volkswagen ќе се вика T-Cross, а базиран е на моделот Polo

Експанзијата на SUV / Crossover сегментот не запира благодарение на се поголемата побарувачка за овој тип на возила. Токму затоа, германскиот производител ќе ја збогати својата понуда со новиот модел наречен T-Cross.

VW T-Cross за првпат беше претставен во форма на концепт на саемот за автомобили во Париз во 2016 година. Две години подоцна, доаѓа и производната верзија, а Volkswagen го промовира овој свој нов автомобил со објавување на дизајнерски цртеж од возилото гледано од задната страна.

T-Cross е брат близнак на Seat Aronа, модел со кој ја дели механичката платформа со поткомпактни автомобили, како што се VW Polo или Seat Ibiza.

Новиот кросовер ќе има должина од околу 4,1 метри и во моделната гама на производителот ќе се позиционира под Volkswagen T-Roc.

Премиерата е најавена за оваа есен, а T-Cross на европски патишта треба да се појави до крајот на 2018 година или на почетокот на 2019 година.