Дали ќе се случи забрана за издувните системи на BMW M Performance, но и останатите aftermarket ауспуси во ЕУ?

BMW деновиве ја информираше јавноста дека поради целосното воведување на Otto филтерот за честички и почитување на пропишаните вредности за емисија на издувни гасови (Euro 6d), M Performance одделот веќе од почетокот на овој месец ги повлекува од понуда издувните системи, бидејќи истите не ги исполнуваат потребните вредности.

Сепак, се чини дека приказната има и друга страна, а се однесува на неодамнешното донесување на закон во Германија, со кој се забрануваат звучни актуатори / генератори и се воведуваат построги правила во врска со дополнително вградените (aftermarket) издувни системи.

Звучните актуатори / генератори кој најмногу се користат во дизел возилата чиј звук го претвораат во звук на спортските бензински мотори, сега се целосно забранети.

Исто така, се воведуваат построги правила во однос на дополнително вградените системи (како што издувните системи на BMW M) на тој начин што нема да биде дозволено контролираниот звук да биде погласен помеѓу normal и sport режим на работа. Поточно, звукот сè уште ќе може да се промени, но не на погласно ..

Сега за сега, овој закон се однесува само на Германија, но поради досегашното искуство многу веројатно овој закон ќе почне да се применува и во останатите земји во ЕУ.