Пред неколку денови, компанијата Тесла објави уште една мистериозна слика од Model Y

Ова е втор тизер од Поло Алто, кој, како и првиот, ја открива само силуетата на новиот кросовер на Tesla.

Сепак, благодарение на шпанскиот фотограф и фан на Tesla, Мигел Масо, добивме увид во тоа како реално може да изгледа Model Y.

По состанокот на акционерите на компанијата, извршниот директор на Tesla, Илон Маск, потврди дека Model Y на јавноста ќе биде претставен во март 2019 година.