Huawei развива личен асистент со кој вештачката интелигенција ќе може да реагира на емоциите на своите корисници

Личните асистенти во паметните телефони и други уреди се ограничени на едноставни задачи, како што се обезбедување на информации за време или стартување на апликации. Huawei развива технологија која треба да го промени начинот на кој луѓето ќе разговараат со личните асистенти и со развојот на нова генерација на вештачка интелигенција (AI) да се создаде асистент кој ќе ги задоволи емоционалните потреби на корисникот.

Идејата софтверот да може да го идентификува расположението на корисникот и соодветно да реагира се нарекува „емоционална вештачка интелигенција“. На пример, ако личниот асистент препознае дека корисникот се чувствува осамен, тој ќе разговара со него. Предуслов за целосен развој на таква услуга е софтвер кој нема само висок IQ (коефициент на рационална интелигенција) туку и EQ (коефициент на емоционална интелигенција). Таквиот софтвер мора јасно да го препознае расположението на корисникот, за да не му се случи погрешно да ја разбере емоцијата, па на „бесниот“ корисник, на пример, да му пушти многу гласна музика и со тоа да го направи уште „побесен“.

Huawei смета на брз напредок во тој сегмент благодарение на платформата HiAI, целосно отворен, практичен екосистем кој вклучува Cloud услуги и напредни уреди од нова генерација. HiAI платформата е база за независни девелопери кои заедно со Huawei можат да развиваат решенија и услуги врз основа на вештачка интелигенција, на задоволство на корисникот, но со максимална почит кон приватноста.

“Вештачката интелигенција ќе биде клучен фактор во обликувањето на пазарот на паметни телефони во следните 5 до 10 години. AI ќе ја трансформира интеракцијата на луѓето со уредите, ќе учи за она што го сакаат корисниците, а тоа може да ги промени постојните бизнис модели во мобилната индустрија“, вели Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group.

Развојот на вештачката интелигенција и неговата практична примена имаат огромен економски потенцијал. Huawei проценува дека во следните седум години вештачката интелигенција би можела да ја зголеми вредноста на глобалната дигитална економија за околу 10 билиони долари. Најголема економска корист од ова ќе имаат земјите со доволно моќна ИТ инфраструктура која може да поддржи силен раст во протокот на податоци, бидејќи само таквата инфраструктура може да овозможи развој на вештачката интелигенција.

Loading...