Имиња како Фернандо Алонсо, Кајл Буш и Јари-Мати Латвала се гаранција за успешна промоција на одреден модел

Во ерата на социјалните медиуми Toyota демонстрира дека само со тројца пилоти може да си обезбеди глобална покриеност, се разбира, да станува збор за некои од најпознатите автомобилски возачи во светот. „Оживувањето“ на моделот Supra се претвори во проект на деценијата на Toyota, а имиња како Фернандо Алонсо, Кајл Буш и Јари-Мати Латвала се гаранција за успех на промоцијата.

Алонсо има две шампионски титули во Formula 1 и на крајот од минатата година го напушти шампионатот, но останува пилот на Toyota во светскиот шампионат за издржливост (WEC). Кајл Буш е една од двете најголеми ѕвезди на брендот NASCAR, а Јари-Мати Латвала ја донесе првата победа на Yaris WRC по враќањето на Toyota во светскиот рели шампионат (WRC). Оваа година заедно со клубскиот колега От Танака се претенденти за шампионската титула.

Коментарите на трите ѕвезди за динамиката, брзината и особено забрзувањето на Supra GR се многу интересни, а тука е и телеметријата за полесно следење на возењето на тројцата врвни возачи.

https://youtu.be/7ChI2qFP-Qs

https://youtu.be/4Ag1VqqrPyM

https://youtu.be/spq4JgKz1ZU