Ја намалува реакцијата на возачот за 20%

Гласната музика во автомобилот е опасна за возачот и патниците, се тврди во едно истражување на научниците од Институтот за транспорт во Вилнус (Литванија). Според студијата, музиката во автомобилот ја намалува реакцијата на возачот за околу 20%.

Слушањето на гласна музика не само што е пречка возачот да ги слуша звучните сигнали од другите учесници во сообраќајот (најчесто од автомобилите за итна помош, противпожарна служба и полицијата), туку влијае и на начинот на управување со возилото.

Според студијата, некои песни или мелодии предизвикуваат поимпулсивно возење од возачот. Затоа експертите советуваат на патување да се избира порелаксирачка музика. Според нивната статистика, меѓу 7 и 10% од сообраќајните несреќи настанале токму поради гласна музика во автомобилот. Ова може да се избегне, ако вниманието на возачот не го одзема гласната музика.

Во истражувањето на институтот учествувале експерти од Управата за безбедност на патиштата на Литванија, како и од локалната сообраќајна полиција.

Loading...