На тековниот саем во Женева, Ferrari го претстави својот најнов автомобил, F8 Tributo

Италијанскиот производител на публиката во Женева и го претстави новиот F8 Tributo, кој е директна замена за моделот 488 GTB.

Новиот модел се напојува од најмоќниот V8 мотор на Ferrari, кој досега беше достапен само во моделот 488 Pista.

Со 720 КС кои ги доставува при 8.000 вртежи во минута и 770 Nm достапни веќе од 3.250 вртежи во минута, 3.9-литарскиот V8 е помоќен од оној на 488 GTB за 50 „коњи“. Преведено во перформанси, F8 Tributo од 0-100 km/h забрзува за 1,8 секунди (0,1 секунди побрзо од 488 GTB), додека за да постигне  брзина од 200 km/h потебни му се 7,8 секунди (0,5 секунди побрзо од Ferrari 488 GTB). Максималната брзина на автомобилот е 340 km/h.

Покрај подобрувањата во моторизацијата, инженерите и дизајнерите на Ferrari успеаle да ја и намалат тежината на возилото, така што F8 Tributo е 40 kg полесен од својот претходник. Од компанијата тврдат дека новиот модел има 10% подобра аеродинамичност во споредба со 488 GTB.

Дизајнот во однос на претходникот исто така е променет, а некои стилски детали претставувват посветеност на одредени модели на историјата на компанијата од Маранело (како што се 308 GTB или F40).

Модернизација е извршена и во внатрешниот простор, па сега има нов волан, атрактивни вентилациски отвори… а новина е 7-инчниот екран на допир, кој е дел од таблата  пред совозачкото седиште.