Jaguar J-Pace (2021) – што се знае досега
Во Jaguar напорно се работи на нов SUV модел, кој во ценовната гама на производителот треба да биде поставен на околу 100.000 евра и ќе конурира на модел како што е Porsche Cayenne, кога ќе се појави на пазарот за три години
Со овој кросовер, Jaguar исто така се наметнува како конкурент на Range Rover, од кој ќе бидат позајмени значителен број на технолошки решенија.
Кога ќе биде претставен, тоа ќе биде четвртиот кросовер на брендот за само пет години. Стратегијата и не е без логика, ако се има во предвид дека раководството на компанијата предвидува дека дури две третини од вкупната продажба на брендот ќе отпаѓа на SUV сегментот со почетокот на следната деценија,
Четвртиот по ред, кросовер на Jaguar, моделот J-Pace ќе биде луксузен, елегантен SUV направен целосно од алуминиум. Многу е веројатно дека ќе ја користи архитектурата на Range Rover, исто како и погонските единици. Со оглед на плановите на првите луѓе на JLR, секој модел во гамата, до 2020 година (пред презентацијата J-Pace) да има електрифицирана верзија, сигурно е дека овој новитет ќе биде понуден во некоја електрифицирана опција.
J-Pace ќе биде подолг и поудобен од неговиот близнак во семејството Range Rover, а ќе биде многу поприлагоден за „друмско“ возење отколку моделите на Range Rover.
Првите луѓе на Jaguar очекуваат исклучителна продажба, особено на пазарот во Кина.