Најновата верзија на BMW M3 со додатокот CS, според баварскиот премиум гигант, е најмоќниот и најдинамичен M3 досега произведен

Изобилството на карбон во каросеријата, како и пластика зацврстена со карбон-фибер, придонесуваат M3 CS да тежи 1.585 kg, што е десет килограми помалку од основната верзија на M3.

Најинтересниот детаљ на овој автомобил се наоѓа под капакот на моторот, а станува збор за 6-цилиндерски 3.0-литарски TwinPower погонски агрегат со 460 КС (600 Nm вртежен момент), што е десет КС повеќе отколку со M3 Competition пакетот. Следствено, и понатаму е под главниот конкурент Mercedes C63 S (505 КС), како и Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio.

M3 CS од 0-100 km/h забрзува за 3,9 секунди со максимална брзина од 280 km/h. BMW тврди дека просечната потрошувачка е околу 7 l / 100 km. Возачите на располагање ќе имаат адаптибилен M систем на потпирање и активен M диференцијал.

BMW M3 CS има и спортски издувен систем со четири цевки, а за подобро потпирање при големи брзини, вградени се нов заден спојлер и дифузер.

Клиентите ќе можат да избираат помеѓу 19 и 20 инчни алуминиумски фелни на кои се монтирани гуми Michelin Pilot Super Sport.

Внатрешноста е опремена со Мерино кожни спортски седишта со детали од Alcantara.

На крајот и за цената. Оваа верзија на М3 ќе чини околу 97.000 евра, што е дури 30.000 повеќе од основниот М3.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Секако, на цената влијае лимитираното издание од само 1.200 примероци (550 за американскиот пазар), но со оглед на новото на унапредување, прашање е дали навистина вреди толку.

Loading...