Американскиот Consumer Reports, кој од 1936 година тестира и споредува производи на пазарот во САД, по тестирањето на новиот модел на Tesla издаде соопштение во кое се вели дека не би можел овој автомобил да го препорача на купувачите

Tesla Model 3 често се карактеризира како револуционерен електричен автомобил кој треба да го одбележи почетокот на масовната употреба на патнички автомобили на електричната енергија во САД. Сепак, на овој пат, овој модел наидува на различни пречки.

Веројатно најголемиот проблем за Tesla во овој момент е бавниот процес на производство и неможноста да се достигне планираниот обем., но и новата главоболка од извештајот објавен од страна на Consumer Reports (CR), кој најави дека не може да даде препорака до купувачите за купување на Model 3.

Организацијата наведува дека постојат сериозни пропусти во новиот електричен автомобил на Tesla, а еден од нив е преголемиот пат на сопирање на тестовите за кочење со брзина од 60 милји на час (96 km/h).

Од Consumer Reports (CR) велат дека на Model 3 му се потребни 46,3 метри за целосно запирање кога се движи со 96 km/h, што е, според нивните зборови, „далеку полош резултат“ споредено со останатите современи патнички автомобили кои биле тестирани. Како што велат, овој пат на запирање е, на пример, само 2,1 метри пократок од оној на популарниот Ford F-150.

На ова соопштение следела реакција од Tesla, која тврди дека патеката за целосно запирање на Model 3 на горенаведената брзина е само 40,5 метри. Портпаролот Tesla вели дека времето за запирање зависи од многу фактори, вклучувајќи ги временските услови, температурата и површината на патот.

Сепак, Consumer Reports останува на претходните тврдења, објаснувајќи дека нивниот тест се темели на стандардни постапки кои се применуваат во автомобилската индустрија во вакви и слични тестови. Тие исто така наведуваат дека тестот се повторувал неколку пати, со прекини помеѓу обидите.

Рака на срце, од Consumer Reports CR признаваат дека во првиот обид сепак е постигнат резултат од 39,6 метри, што подоцна не успеале да го повторат. Тестовите биле повторени со друга единица на Model 3, но крајниот резултат бил сè уште неповолен за тој автомобил.

Покрај дефектот, Consumer Reports CR ја критикува и одлуката за Tesla речиси сите команди и подесувања, како и инструментални отчитувања да ги смести на централно поставен 15-инчен екран на допир.