Британскиот електричен автомобил воедно е добитник и на наградите за најдобар дизајн и „зелен“ автомобил на годината

Електричниот кросовер Jaguar I-Pace е Светски автомобил на годината 2019. Традиционално, секоја година во предвечерието на саемот за автомобили во Њујорк, жирито официјално го соопштува победникот во изборот за Светски автомобил на годината. За групата Jaguar Land Rover, ова е втора таква награда во последните 3 години, откако Jaguar F-Pace беше избран во најдобар во 2017 година.

Во изборот за оваа година првично влегоа 40 возила, за таа листа во финалниот дел биде скратена на три финалисти – Audi e-tron, Jaguar I-Pace и Volvo S60 / V60.

Победникот го избира жири кое вклучува 86 автомобилски новинари од 24 земји. Покрај главната награда, жирито ги избира најдобрите во уште 5 категории. Во продолжение листата на финалисти и победници по категории.

Градски автомобил на годината:

Hyundai Santro
Kia Soul
Suzuki Jimny / ПОБЕДНИК

Луксузен автомобил на годината:

Audi A7 / ПОБЕДНИК
Audi Q8
BMW Serija 8

Перформантен автомобил на годината:

Aston Martin Vantage
McLaren 720S / ПОБЕДНИК
Mercedes-Benz AMG 4-Door Coupe

„Зелен“ автомобил на годината:

Audi E-Tron
Jaguar I-Pace / ПОБЕДНИК
Hyundai Nexo

Дизајн на годината:

Volvo XC40
Jaguar I-Pace / ПОБЕДНИК
Suzuki Jimny


Како потсетување, титулата Светски автомобил на годината 2018 ја понесе Volvo XC60, а една година порано таа му припадна на Jaguar F-Pace. Во 2016 година победник беше Mazda MX-5.