Volkswagen стои зад една од најголемите афери во историјата на автомобилската индустрија. Денес, годицни подоцна истата ја користи за најава на нови времиња и модели

Volkswagen не е само најголемиот производител на автомобили во светот, туку и единствениот кој е подготвен својот најголем срам да го искористи за најава на подобри времиња. Токму Dieselgate е тема со која Volkswagen се обидува да промовира нови модели и нови бизнис политики. Се разбира, во центарот на интересот е автомобилската електрификација и ID Buzz.

Веќе на самиот почеток од рекламата, Volkswagen во центарот на вниманието го става својот срам, темнина во која се гледа човек кој ги слуша најновите извештаи за Dieselgate. И тогаш со првите тактови на The Sounds of Silence na Сајмон и Гарфанкел, истиот човек почнува да го скицира и создава она што ќе биде нова современа интерпретација на Transporter, ID Buzz.

Погледнете и сами.