Уште во 2017 година, тогашниот министер за животна средина Николас Хулот рече дека Франција во 2040 година ќе заврши сопродажбата на нови автомобили на фосилни горива, а десет години подоцна Франција ќе биде биде CO2 неутрална

 

Истата идеја сега е поддржана од страна на француската влада, па така министерката за транспорт, Елизабет Борн вели дека новиот закон ќе приморува изграда на електрични полначи со цел претходноте ветување за воведување на забрана за продажбата.

„Нашата цел е CO2 неутралност во 2050 година, па затоа ни треба сигурен начин да стигнеме таму, а тоа вклучува и забрана за продажба на нови автомобили со погон фосилно гориво до 2040 година“, сосема е јасна министерката ветувајќи дека таа цел ќе стане и дел од новиот закон, пишува Reuters.

Овој закон, меѓу другото, ќе им овозможи на сопствениците да побараат инсталација на полначница на сопствено место за паркирање. Законот треба да иницира вистински реформи, особено во области кои промовираат алтернативи за класичните автомобили. Така, освен поттикот за електрични возила од сите видови и car sharing-от, се очекува да се продолжи и со модернизација на железничката мрежа.

Како потсетување, Хулот беше првиот кој предложи забрана за продажба на нови автомобили со класичен погон. Само една година подоцна тој поднесе оставка токму поради тоа што владата не сторила доволно на планот на екологијата.