Една британска компанија за финансиски услуги, GoCompare Car Insurance, утврдила дека возачите на BMW, конкретно 420d, се најлоши во однос на сообраќајните прекршоци. На второ место се возачите на Audi A5, а на третото возачите на Mercedes-Benz C220

Студијата извлекла % поврзани со најпроблематичните возачи во сообраќајот, а првите, вторите и третите котираат со 17,1, 15,5 и 14,8 %, соодветно. На четврто и петто место се возачите на Mercedes-Benz E220 и Jaguar XF со 14,8 % и 14,3 %, соодветно.

Кои се „најпитомите“ возачи според студијата? Тоа се оние кои возат Opel Agilа (4,1 %), Hyundai i10 (4,3 %) и Nissan Micra (4,4 %), по што следат возачите на Kia Picanto (4,4 %) и Hyundai Getz (4, 5 %). Образецот е сосема јасен. Возачите во моќните премиум автомобили се однесуваат многу бахато во однос на луѓето кои возат мали градски автомобили.

Мет Оливер од GoCompare Car Insurance вели дека резултатите сепак не ја одразуваат состојбата кај сите сопственици.

„Вообичаено, многумина што возат автомобили кои се меѓу првите десет на листата, поминуваат подолги периоди на автопатиштата, во најфреквентните часови, што ја зголемува веројатноста за учество во сообраќајна несреќа или правење прекршок”.

Меѓутоа, од друга страна, сопствениците на премиум брендови имаат слична репутација низ целиот свет, а не само во Обединетото Кралство, така што оваа форма исто така треба да се земе предвид.

Објавувајќи ги резултатите од студијата, Daily Mail препорачува „да се релаксираме ако видиме некој во Peugeot 206“. Зошто некој кој едвај собирал пари за еден таков половен автомобил би газел на педалата за гас?

Додека возачите на 2016 не се склони кон поголеми брзини, има возачи кои се вклучуваат на автопат со брзина од 50 km/h или забавуваат без причина на надворешната лента. Со оглед на овие околности, лош возач е оној кој се однесува на патот како да нема други учесници во сообраќајот, било да е 180 или 60 km/h.