Интересна статистика: Ова се автомобили кој долго остануваат во салоните до продажба
Иако станува збор за одлични автомобили, некои модели изгубиле на атрактивност, па често пати во салони поминуваат и по неколку месеци пред продажба
Меѓу таквите модели често се несакани лимузини или модели кои наскоро ќе добијат или веќе добиле наследници. Американскиот USA Today ја истражувал ситуацијата на пазарот во САД. Исто како што на овие простори се во тренд малите и компактни кросовери, така е и во Америка , но во поголемо пакување. Лимузините се очигледно минато, а на листата на непожелни има и моноволуменци.
Ова е листата на 15 модели чии примероци во салоните поминуваат најмногу време пред продажба.
Mini Cooper (137,9 денови)
Audi A8 (139,3 денови)
Volvo Серија 90 (139,7 денови)
Alfa Romeo Stelvio (141,5 денови)
Buick LaCrosse (143,4 денови)
Audi A7 Sportback (143.6 денови)
Fiat 500L (146,2 денови)
Jaguar XJ (146,3 денови)
Chevrolet Impala (147,7 денови)
Mercedes-Benz E-класа (156,1 денови)
Chrysler 200 (157,6 денови)
Fiat 500 (160,3 денови)
Volvo Серија 60 (177,9 денови)
VW Touareg (194,1 денови)
Mitsubishi Lancer (195,1 денови)