Првите фотографии од втората генерација на малиот кросовер модел Nissan Juke случајно или не се најдоа на интернет

Откако првата генерација на Juke беше презентирана на саемот во Женева во 2010 година, малиот кросовер од тогаш успеа на четири пати, да ја надмине бројката од 100.000 продадени примероци на Стариот континент, на годишна основа.

Новитетот е дизајниран во лондонското дизајн студио на брендот Nissan, а се очекува да биде лансиран на почетокот од следната година.

Официјални детали сè уште не се објавени, но се верува дека новиот Juke ќе биде поставен на „растегната“ верзија на архитектурата CMF развиена во рамките на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, која се користи и во неодамна промовираната петта генерација на Clio.

Понатамошната употреба на атмосферскиот агрегат е малку веројатна и покрај значајнато учество на овој мотор, во продажната статистика на првата генерација на малиот SUV. Многу е веројатно дека во новитетот ќе бидат користени турбо бензински единици со волумен од 1,3 литри, како и турбодизелски мотори 1,5 dCi.

Исто така, многу е веројатно дека во палетата на моделот, ќе се најде и варијанта со погон на сите тркала, но само во најпрестижните изданија.