И тоа е деловно работење: За да се здружи со Fiat, Peugeot ќе произведува повеќе Toyotа!
Француската групацијата PSA во својата фабрика во која се произведуваат Citroen Jumpy, Peugeot Expert и договорно Toyota Proace одлучила да го зголеми производството на последниот автомобил од наведените на своја штета
Европската комисија до детали го следи деловното спојување на групацијата PSA (Peugeot, Citroen и Opel) со Fiat Chrysler и пред три месеци изрази загриженост за прекумерниот удел на овој мега концерн во продажбата на лесни комерцијални возила. Сето ова би влијаело на слободната конкуренција.
Целата зделка е доведена во прашање, па затоа во PSA добро размислиле и донеле одука. Имено, групацијата PSA одлучила да го зголеми производството на последниот од наведената низа на автомобили, Toyota Proace, на своја штета, но за некаква корист во иднина. Имено, покрај зголемувањето на производството на Toyota ProAce, тоа ќе ја намали и неговата цена, така што ова комбе ќе се нуди под исклучително поволни услови. Целта е да се намали производството на Peugeot и Citroen со цел да се смири Европската комисија и да се даде зелено светло за обединување на PSA и Fiat Chrysler.
Овој предлог, наводно, бил испратен до Европската комисија на разгледување.