Производителот потврди дека измерените податоци кои се однесуваат на новите возила во Јапонија се менувани

Како што е објавено, резултатите од тестовите за емисија на издувни гасови и потрошувачка на гориво се променети. Nissan изрази жалење, но наведува дека вистинските вредности остануваат во рамките на дозволените норми и дека безбедноста на автомобилот не е нарушена.

Портпаролот на компанијата потврдува дека истрагата за овој случај е во тек. Уште во септември 2017 година Nissan потврди дека фабричките тестови за новите возила биле извршени од страна на вработени кои не биле овластени за таа работа. Тогаш изби скандалот поради кој повеќе од еден милион возила на јапонскиот производител мораше да бидат подложени на повторно испитување.

Потсетување дека во јуни првиот човек на јапонскиот производител Subaru поднесе оставка поради сличен скандал во однос на лажните податоци за емисиите на гасови и потрошувачката на гориво на возилата на марката. Subaru откри дека неточните податоци се однесуваат на над 1.800 автомобили од тој бренд.