Јужнокорејскиот производител Киа го освежи својот мал градски модел Picanto со нов, помоќен погон

Новиот Picanto добил 1.0-литарски T-GDI турбо мотор со 99 КС и 176 Nm при само 1.500 вртежи во минута. Спарен со пет-брзински мануелен менувач, ова Picanto може да забрза од 0-100 km/h за 9.6 секунди со максимална брзина од 180 km/h.

Новиот 3-цилиндерски турбо мотор има директно вбризгување и ги задоволува најновите стандарди за емисии на штетни гасови Euro 6d.

Новиот мотор ќе биде достапен исклучиво во GT-Line и GT-Line S пакети кои доаѓаат со спортски браници, големи отвори за воздух и црвени акценти на предната маска, задниот браник и праговите, заедно со дифузор и двоен издув како и 16-инчни алуминиумски тркала.

Овие нивоа на опремеост вклучуваат и би-функционален проектор во фаровите со LED DRL-s и LED светилки на задните светла, црна и црвена комбинација на кожа, педали од нерѓосувачки челик, автоматска контрола на климата и 7-инчен мултимедијален систем со Android Auto и Apple CarPlay безжично полнење.

Почетната цена на повеќето европски пазари треба да изнесува околу 15.000 евра.