Hyundai демантира: Не го купуваме Fiat!
Hyundai официјално ги негираше шпекулациите дека компанијата од Сеул би можела да стане мнозински сопственик на еден од најголемите производители на автомобили во светот.
„Таквите гласини се без основа“, вели портпаролот на Hyundai Corporation, Мајкл Стјуарт.
Сепак, јавноста не е убедена и смета дека ова негирање не значи дека Hyundai не е заинтересиран за ова сценарио.
Постојат шпекулации дека гигантот од Јужна Кореја само чека да падне вредноста на акциите на FCA, што се очекува откако Серџо Маркионе официјално ќе го напушти кормилото на италијанско-американската компанија следната година.
Вредноста на FCA на берзата во моментот е 18,89 долари по акција, што е значителен скок во однос на 11,07 долари од пред една година.
Последните гласини за спојување на Hyundai и FCA доаѓаат од азиските медиуми кои цитираа неименувани извори за плановите на двата автомобилски гигантски.
Ако се случи спојувањето, новата алијанса ќе стане најголем светски производител на автомобили со 11,5 милиони единици годишно. Со оваа бројка би ја надминле Toyota, групацијата Volkswagen и актуелниот лидер, alijansata Renault-Nissan-Mitsubishi.