„Звездата“ е Golf GTI TCR, кој не е тркачки автомобил, како што сугерира името, туку стандарден сериски модел. Станува збор за најновото специјално издание, кое воедно е најмоќниот GTI некогаш создаден, но исто така и најскап

Цената е дури 57.600 евра. Се разбира, се добива нешто повеќе споредбено со стандардниот GTI, како што се подобри гуми, сопирачки, издувен систем и подобрен ентериер. Опциите, исто така, се одговорни за повисоката цена – како на пример ретровизори со облога од јаглеродни влакна.

Сепак, на крајот на краиштата, ако сте првенствено заинтересирани за 2.0-литарски TSI, можете да го добиете и за помалку пари. Моќта не е како кај Civic Type R, но за фановите на TSI машини и SEAT Leon Cupra е одлично решение. Ем со детали од карбон и бакар, ем за помалку пари, иако и понатаму многу – 48.000 евра.

Прашањето е дали Golf е достоен за овие „пари“?