Ново Lamborghini неповратно загубено, исто како и гордоста на сопственикот

До несреќата дошло на еден собир на сопственици на скапи суперспортски автомобили. Поточно, случката е по собирот, кога сопственик на нов Lamborghini Huracan Performante решил да замине со стил. Од мирување тргнал со полн гас и ја загубил контролата над автомобилот по само неколку секунди. Lamborhini-то завршило во дрво, и цела среќа во несреќа е што притоа пред него не се нашол некој пешак на патот. На крајот, важно е, иако автомобилот вреден околу 300.000 евра е целосно уништен, што никој не е повреден.

Уште еден доказ дека и покрај моќната електроника и погонот на сите тркала, искуството е клучно во управувањето со автомобилот, особено кога станува збор за „ѕвер“ со над 600 КС.