Големи планови: Stellantis најавува повеќе од 30 милијарди евра инвестиции во електрификација до 2025 година
До 2030 година, електричните и хибридните модели треба да сочинуваат повеќе од 70 проценти од продажбата во Европа
Stellantis, четвртиот производител на автомобили во светот кој настана со спојување на италијанско-американскиот Fiat-Chrysler и француската групација PSA, најави инвестиција од над 30 милијарди долари во електрификација на моделната гама до 2025 година.
Сите 14 брендови на Stellantis, вклучувајќи ги Peugeot, Jeep, Ram, Fiat и Opel, на клиентите ќе им понудат целосно електрични модели, а електрификацијата на комерцијалните возила и ванови со водородни ќелии е планирана до крајот на оваа година, соопшти компанијата.
До 2030 година, автомобилите со мала емисија на штетни гасови, вклучително и електричните и хибридните модели, треба да сочинуваат повеќе од 70% од нивната продажба во Европа и повеќе од 40% во САД. До 2026 година, трошоците на сопствениците на електрични автомобили треба да бидат еднакви на оние на сопствениците на бензинци, велат од Stellantis.
Стратегијата ќе биде поддржана од пет фабрики за производство на батерии во Европа и Северна Америка, вклучувајќи ja фабриката во италијанскиот Термоли, која ќе се приклучи на веќе најавените погони во Германија и Франција. Од компанијата додаваат дека се во завршна фаза на преговори за партнерство во Северна Америка. Изворот наведува дека јужнокорејскиот Samsung ја разгледува можноста за изградба на фабрика за батерии во САД, додавајќи дека тие преговараат со неколку производители на автомобили, вклучувајќи го и Stellantis.
Партнери во производството на батерии се вклучително Automotive Cells, заедничко вложување на Stellantis со TotalEnergies, потоа Contemporary Amperex Technology, BYD, SVOLT, Samsung и LG Energy Solution. Stellantis изјави дека сака да обезбеди повеќе од 130 гигават-часови (GWh) батериски капацитет до 2025 година и повеќе од 260 GWh до 2030 година.
Од компанијата исто така наведуваат дека потпишале меморандуми за разбирање со двајца партнери за производство на литиум во Северна Америка и Европа за да се обезбеди снабдување со клучните суровини за батерии.
Тие исто така посочуваат дека сакаат да ги намалат трошоците на батерии за повеќе од 40 проценти помеѓу 2020 и 2024 година, и за дополнителни повеќе од 20 проценти до 2030 година.