Говорејќи за агенцијата Reuters за продажбата на автомобили пред пандемијата, новиот директор на Audi, Маркус Дасман, признава дека Tesla е лидер во денешната автомобилска индустрија

„Тие во моментов имаат поголеми батерии бидејќи нивните автомобили се конструирани со батерија уште од старт. Tesla е две години напред во однос на компјутерските и софтверските системи, како и во областа на автономното возење“, рече Дасман.

Извршниот директор на Audi стартувал нов проект наречен Артемис, со цел да се премости тој јаз. Audi веќе планира 75 нови електрични модели до 2029 година, а Артемис треба да помегне во остварување на планот.

Во срцето на проектот е развој на „високоефикасен електричен автомобил“ до 2024 година, нешто што не е случај со досегашните модели на Audi.

Одговорноста е на градите на Алекс Хитзингер, поранешен инженер на Porsche и Formula 1, кој беше задолжен за автономното интелигентно возење на Audi (AID), лансирано во 2017 година.

Времето ќе покаже дали новиот проект на Audi ќе биде плоден. Едно е сигурно – компанијата бара инспирација од вистинската страна. Следењето на примерот на Tesla кога станува збор за електрични возила е вистински потег.