Истражувачки центри во Австрија и Германија започнале со заеднички проект чија цел е развој на соларна централа на кров од автопатот, наречена PV-SÜD

Австрискиот институт за технологија (AIT) се здружил со Fraunhofer ISE и компанијата Forster Industrietechnik со цел развој и изработка на прототип со кој би се открило дали таквите соларни единици се практични и дали може да се вклопат во постоечкото управување со одржувањето, како што е отстранување на снег од патиштата. Од AIT велат дека објекти на кров не само што можат да произведат електрична енергија, туку и да го заштитат патот и да го продолжат неговиот животен век, а исто така можат да помогнат и во заштитата од бучава.

Сончевите панели коио би се поставиле над автопатите би биле различни од класичните, затоа што тие би пропуштале повеќе светлина, така што возачите не би возеле во мрак.

Сончевите панели се клучна технологија за префрлување на обновливи извори, но недостатокот на простор е често проблем за нивно ширење.

Некогаш светски лидер во технологијата, германскиот соларен сектор е ослабен како резултат на зголемената конкуренција надвор од земјата и намалената стапка на експанзија во домаќинствата последниве години.