Податоците на лондонската истражувачка фирма IHS Markit укажуваат дека Американците се подолго ги возат своите автомобили и камионети, поради што просечна возраст на возила на американските патишта е скоро 12 години, највисока во скоро 20 години наназад

Тоа не е добра вест за емисиите или безбедноста на возилата, но секако „поддршка“ за компаниите кои произведуваат и продаваат делови за автомобили, се вели во извештајот.

IHS Markit, кој собира и анализира податоци од голем број индустрии, објави дека просечната старост на автомобилите, SUV моделите и камионетите на американските патишта годинава достигнала старост од 11,9 години, во споредба со 11,8 години минатата година.

Иако податоците за периодот по пандемијата на коронавирус и ударот на глобалната економија не се конечни, острото забавување на продажбата на автомобили најверојатно ќе резултира во просечна возраст на возилата на американските патишта повеќе од 12 години, вели Тод Кампау, директор на лондонската фирма за истражување.

„Дефинитивно очекуваме да се надмине границата од 12 години. Луѓето кои работат од дома ќе ќе возат помалку, што ќе овозможи возилата да им траат подолго“, вели Кампау.

Просечната старост на возилата и камионетите расте континуирано во текот на изминатите скоро 20 години, како одраз на зголемувањето на цените за новите автомобили и камионети и подолгиот животен век што им овозможува на постарите возила да покриваат повеќе километража и со повеќе сопственици пред да завршат во ѓубре, додава Кампау.

Производителите на делови и автомеханичарските работилници треба да имаат корист од се постарата и се поголема флота на возила, проценува IHS Markit.

На американските патишта циркулираат повеќе од 280 милиони возила, забележува IHS Markit.