Анализите на Стопанската комора ја покажуваат штетата во германската економија

Германската стопанска комора (DIHK) ги пресметала загубите нанесени на економијата во државата, а предизвикани од скандалите со манипулации со дизел моторите на германските автомобилски производители.

Пресметките покажуваат дека скандалот влијаел не само на големите компании и индустријата на земјата, туку и на средниот и мал бизнис. Загубите се предизвикани пред се од намалената продажба на возила со дизел агрегати, како и намалување на нивната вредност.

Според проценките на Германската стопанска комора (DIHK), загубите на економијата досега надминуваат половина милијарда евра. Бројката е соопштена само неколку часа откако обвинителството во Минхен го претресе домот на шефот на Audi AG – Руперт Стадлер, кој е обвинет за затајување на податоци поврзани со дизел скандалите.

Во моментов, властите во Германија истражуваат повеќе од 20 луѓе, од кои сите имаат водечки позиции во Volkswagen AG. Против некои од нив, исто така, ќе има и обвинителски постапки.