Hyundai Motor започна повеќегодишно партнерство со фудбалскиот клуб Челзи и како нивен глобален автомобилски партнер од следната сезонапа се до 2022 година, логото на компанијата ќе се наоѓа на ракавот од новиот фудбалски дрес на клубот во сите домашни натпревари

Hyundai веста ја објави преку ново видео снимено со ѕвездите на клубот – Оливие Жиру, Давид Луиз и Тимуе Бакајака.

„Hyundai веќе 20 години донесува страст и возбуда кај навивачите од целиот свет. Ние сме многу среќни што започнавме ново партнерство со Челзи – успешни и амбициозен клуб што е апсолутно во согласност со духот на Hyundai“, вели Андреас-Кристоф Хофман, потпретседател на одделот за маркетинг и управување со производи во Hyundai.

„Како што секогаш го ставаме клиентот на прво место, така секогаш ги ставаме и навивачите во срцето на нашите активности преку долгорочен ангажман во фудбалот. Покрај нашето постоечко партнерство со фудбалскиот клуб Олимпик Лион, ова ќе биде почеток на нов спонзорски пристап кој ќе ги вклучува најдобрите тимови во Европа“, додава Хофман.

„Ние сме задоволни со нашето ново партнерство со Hyundai и што ќе го видиме овој познат бренд на ракавите на нашите дресови за следната сезона. Во Челзи сме горди на партнерството што го имаме со водечки компании и со нетрпение очекуваме да работиме тесно со компанија Hyundai, која се стреми да се награди, ангажира и да ги забавува нашите фанови“, вели Крис Таунсенд, комерцијалниот директор на Челзи.