По трката за ГН на Шпанија во Барселона и најавените надградби на болидите кај повеќето од тимовите, сепак до позначајни промени во однос на брзината не дојде. Mercedes и понатаму е доминантен, Red Bull солиден, а Ferrari и понатаму разочарува, што со перформансите на болидот, што со тимските улоги.

Сега пред нас е трката за ГН на Монако која според многумина и понатаму го носи ласкавиот епитет на најспектакуларна трка во историјата на автомото спортот. Можеби не според возбудата од случувањата на патеката, колку од сето она што е повразно со трката и околу патеката – големите јахти паркирани во пристаништето во Монте Карло, многу ѕвезди од шоу бизнисот, промоции, настани…

Малку историја…

Првата трка во календарот на Formula 1 е одржаna во 1950 година. Но, првата официјална трка во Монте Карло е одржана уште во далечната 1929 година. Трката е постојан дел од календарот од 1955 година (4 години пауза по 1950 година) и целосно е составена од јавни патишта кои редовно се користат за сообраќај.

1992 Monaco GP – Nigel Mansell, Ayrton Senna

Што се однесува до статистиките, интересно е дека Фернандо Алонсо е единствениот возач кој победил две години по ред во разлличен болид – 2006 со болидот на Renault и 2007 со McLaren. Аиртон Сена има најмногу победи – шест, пет последоателни, а по него следат Михаел Шумахер и Греам Хил со по пет победи. Три последователни победи на оваа патека има и Нико Розберг. Од активните возачи, Хамилтон и Фетел имаат по две победи, додека Рикардо и Раиконен по една.

Веројатно една од најинтересните трки возени на оваа патека е трката во 1996 година и победата на Оливие Панис. Трка преоследена со многу дожд и откажувања на сите главни играчи (Шумахер, Хил, Вилнев, Ирвин, Хакинен) која на крајот ја завршуваат само тројца возачи.

За трката…

Се возат 78 круга на 3.337 метри долгата патека, а Pirelli за оваа трка на тимовите им ги обезбеди следните компоненти:

Најспорота трка логично ги носи најмеките гуми, па така за прв пат оваа година на тимовите ќе им бидат достапни трите најмеки компоненти.

Интересно е дека Mercedes има повеќе сетови на потврди компоненти од останатите водечки тимови. Веројатно сметаат на помал стрес и ризик од едно влегување во бокс, што со нивното сегашно темпо и можат да си го дозволат.

Во Монте Карло првата стартна позиција е секогаш врвен приоритет бидејќи претекнувањето е речиси невозможно.

За саботните квалификации според прогнозата се очeкува дождливо време, за разлика од недела кога трката треба да се вози по убаво сончево време.

15:00-16:00 (сабота) Квалификации

15:10 (недела) Трка