Актуелниот Formula 1 шампион, Макс Верстапен, супериорно триумфираше на трката за Големата награда на Азербејџан во Баку

Возачот на Red Bull ја забележа петтата сезонска победа на улиците во Баку, осма трка во сезоната, а вкупно 25-та во кариерата, пред неговиот тимски колега Серхио Перез. Воедно ова е трета сезонска еден-два победа за тимот на Red Bull.

На третото скалило од подиумот се искачи Џорџ Расел во болидот на Mercedes, што е трет подиум за младиот Британец од почетокот на сезоната.

Покрај победата на Холанѓанецот, осмата трка од тековниот шампионат ја одбележа и новиот дебакл на Ferrari, со оглед на тоа дека крајот на трката не го дочекаа прво Карлос Саинс Јуниор поради дефект на сопирачките, а потоа и Шарл Леклер поради дефект на моторот во моменти кога беше лидер во трката.

Мексиканецот Перез беше тој што ја поведе трката на стартот, пред Леклерк и Верстапен, за да подоцна во 9-от круг откажувањето на Саинц предизвика забавување на трката и виртуелно возило за безбедност, кое повеќето возачи го искористија за да влезат во боксовите по нови гуми. Red Bull сепак се одлучи за поинаква стратегија, што доведе до тоа Перез и Верстапен да останат на патеката. Леклер поведе кога дуото на австрискиот тим отиде во бокс, но неговата трка заврши во 20. круг, поради дефект, сличен на оној од трката за ГН на Шпанија пред неколку недели.

Набргу потоа, Верстапен ја зазеде првата позиција. Имаше подобро темпо од Перез на кој му беше кажано да не пружа преголем отпор, па од моментот на престигнувањето двајцата возеа рутинска трка, пред Расел, чие трето место во ниеден момент не беше загрозено. 

Зад најдобрите тројца трката за заврши седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој по вториот период на виртуелното безбедносно возило, по откажувањето на Кевин Магнусен, лесно го престигна дуото на AlphaTauri, Јуки Цунода и Пјер Гасли. Тие двајца не го искористија забавувањето на трката за да одат по нови гуми, па Јапонецот всушност и така се најде пред возачот на Mercedes, додека Гасли цело време беше меѓу Расел и Хамилтон.

Французинот трката ја заврши на петтото место, пред возачот на Aston Martin, Себастијан Фетел, кој имаше кратко излетување во раната фаза од трката, но и спектакуларно вртење за враќање на патеката без никакви последици.

Седмото место го зазеде двократниот светски шампион Фернандо Алонсо, кој во Баку го престигна Михаел Шумахер на вечната листа како возач со најдолга кариера во историјата на Formula 1. Зад шпанецот трката ја заврши двоецот на McLaren, Даниел Рикардо и Ландо Норис. Последниот бод му припадна на возачот на Alpine, Естебан Окон. Дополнителниот бод за најбрз круг во трка му припадна на Серхио Перез.

Со победата во Баку, Верстапен ја зголеми предноста на врвот од генералниот пласман и сега има 150 бодови, пред Перез со 129 и Леклер, кој има 116.

Следната трка ќе се вози веќе седниот викенд за Големата награда на Канада на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

2022 Azerbaijan Grand Prix / Резултати

2022 Azerbaijan Grand Prix / Race Highlights

2022 Azerbaijan Grand Prix / Qualifying Highlights

2022 Azerbaijan Grand Prix / Изјави

Макс Верстапен (Red Bull)

Никогаш нема да можеме да го вратиме она што го загубивме минатата година овде, но денеска имавме одлично темпо и можевме да ги контролираме гумите. Можеби имавме малку среќа, но нашиот болид денеска беше одличен. Гумите се покажаа одлично. Тоа е она што ви треба на оваа патека. Секој викенд е различен и мора да бидете прецизни бидејќи малите работи можат да ја свртат ситуацијата.

Серхио Перез (Red Bull)

За жал, не успеавме да направиме пит-стоп под безбедносното возило. Имаше проблеми во комуникацијата и доцневме. Тука немавме среќа и тоа можеше непредвидено да влијае врз нашата трка. Мислам дека тимот ја донесе вистинската одлука кога го пуштив Макс да излезе пред мене. Тој имаше подобро темпо, а тимот повторно постигна одличен резултат.

Шарл Леклер (Ferrari)

Ова боли. Треба да видиме што се случи. Немам зборови да опишам колку сум разочаран. Сеуште не знам ништо. Бевме брзи и немавме такви проблеми на почетокот од сезоната. Сега се чини дека ги има се повеќе, а не сме направиле толку големи промени што би имале толку драматично влијание врз доверливоста на болидот. Тешко е да се разбере ова. Сега сето ова само боли.

Џорџ Расел (Mercedes)

Топ тема овој викенд беше потскокнувањето на болидите, што е проблем со кој возачите се борат од почетокот на сезоната.

Промените во дизајнот и аеродинамиката, што им овозможи на инженерите да го искористат максимумот од потисната сила, предизвикаа болидите буквално да отскокнуваат од асфалтот со големи брзини, што гледачите најдобро можат да го видат на забавена снимка.

Повеќе од два километри долгата стартно-целна линија во Баку дополнително го засили тој ефект, при што возачите разговараа на брифинг со директорот на трката Нилс Витич уште во петокот дали тимовите треба сами да променат нешто или да побараат од FIA да ги заштити нивното здравје и безбедност. Џорџ Расел тврди дека во спротивно некој ќе се повреди поради тоа потскокнување.

Прашање на време е кога ќе видиме голема несреќа. Многумина од нас едвај го одржуваат болидот на права линија. Тука ги поминувавме последните две кривини со 300 km/h, со голо око се гледаше колку блиску бевме до земјата на нерамниот асфалт. Од пилотската кабина поради отскокнувањето едвај гледам каде е зоната за сопирање, а во последниот свиок се и ѕидови од двете страни.

Возачите се жалеа на болки во грбот и за време на квалификациите и на трката, а Луис Хамилтон едвај излезе од болидот. Неговиот тимски колега верува дека со технологијата што ја има Formula 1 денес, непотребно е тркање на само неколку милиметри над земјата.

Она што го имаме сега е рецепт за катастрофа. Не верувам дека ќе издржиме три години, колку што треба да важат новите правила. Нешто треба итно да се промени.

https://youtu.be/Z7r-8GiuJTs

Сериозноста на ситуацијата најдобро ја потврдува и коментарот на Фернандо Алонсо. Возачот со најдолг стаж во историјата на Formula 1 кажа дека возачкото искуство „никогаш не било полошо“.

2022 Azerbaijan Grand Prix / Post Race Show