Возачот на Mercedes во директен дуел подобар од Верстапен на отворањето на сезоната

Светскиот шампионат во Formula 1 влезе во својата 72-ра сезона со ноќната трка за Големата награда на Бахреин, а по 56 круга трка на патеката Сакир, сласта на победата ја вкуси Луис Хамилтон во болидот на Mercedes. Ова е 96. победа за Британецот во неговата Formula 1 кариера, а на подиумот му се придружија Макс Верстапен во болидот на Red Bull и уште еден возач на Mercedes, Валтери Ботас.

Посакувано од сите фанови на Formula 1, Бахреинското ГП кое по трет пат во историјата ја отвори сезоната, беше жестока битка за победа, како во однос на возењето, така и во однос на стратегијата. Верстапен имаше шанса за клучно престигнување на крајот од трката, но откако при нападот и претекнувањето на кратко излезе целосно од патеката, му беше кажано да му ја врати позицијата на Британецот. 

Четврти трката ја заврши Ландо Норис со McLaren, пред петтиот и извнреден Серхио Перез во вториот Red Bull кој трката ја започна од боксовите. 

Од пол-позиција трката ја започна Верстапен по одличните квалификации и повеќе од три десетинки побрзо време од Хамилтон, кој го освои второто место во првиот стартен ред. Зад нив стартуваа Ботас и Леклерк, потоа Гасли и Рикиардо во третиот, Норис и Саинц во четвртиот и Алонсо и Строл во петтиот ред. Важно е да се истакне дека првите тројца плус Гасли започна со средни гуми, а останатите во Топ 10 на меки. Од остатокот од гридот, сите избраа медиум за почеток, освен Окон и двоецот на Williams. Според предвидувањата, идеалната стратегија за трката беше со две застанаувања во боксот.

Првиот обид за старт на трката не успеа бидејќи Серхио Перез едноставно застана покрај патеката за време на загревачкиот поради тоа што болидот на Red Bull накратко откажа послушност. Останатите возачи поради положбата на Перез беа испратени во нов загревачки круг, а Мексиканецот во меѓувреме успеа да го запали својот болид и се упати кон стартот од боксот. 

Вториот обид за почеток беше успешен, но трката повторно не траеше долго. Дури ниту цел круг. Верстапен ја задржа позицијата пред Хамилтон, а Леклерк по неколку свиоци го зазеде третото место од Ботас. На самиот заден дел од пласманот, Никита Мазепин изгуби контрола над својот Haas и излета, по што следуваше излегување на возилото за безбедност – деби за новиот Aston Martin SC на една F1 трка.

Норис претходно успеа да го помине Рикиардо, додека Саинц загуби две позиции – од Алонсо и Строл. 

Нов обид за рестарт во четвртиот круг и повторно хаос, но овој пат само со виртуелното безбедносно возило. Во жестока битка за петтото место беа возачите на McLaren и Гасли, но неговиот болид по сите контакт остана без предното крило. Мик Шумахер се изврте во вториот Haas, а помал контакт се случи и помеѓу Строл и Саинц. На врвот остана без промени – Верстапен брзо се одвои на секунда и половина пред Хамилтон, додека Ботас му возврати на Леклерк во шестиот круг и повторно го зазеде третото место.

Три круга подоцна возачот на Ferrari изгуби една позиција. Поминат од се најде во сендвич помаѓу двата McLaren-a и се најде во сендвич со два McLaren. Строл, пак, успеа да го престигне Алонсо.

Од 12-ти до 14-тиот круг, повеќето возачи ги направија своите први запирања во боксот, но не и водечкиот Верстапен. Хамилтон премина на тврди гуми во моменти додека заостануваше нешто помалку од две секунди зад Холанѓанецот. Се очекуваше Макс да одговори круг подоцна, но наместо тоа реши да остане на патеката уште четири круга, а потоа да излезе на патеката со заостанување од седум секунди зад Хамилтон. За разлика од актуелниот шампион, Верстапен доби втор сет на средно тврди гуми.

Ботас по 20 круга заостануваше три секунди зад Верстапен, а Перез на старите гуми беше четврти, пред борбеното трио Норис, Леклерк и Рикиардо. Малку подолу во поредокот гледавме исто така фантастична битка помеѓу Алонсо, Саинц и Фетел. 

На половина од трката Хамилтон беше пред две секунди пред Верстапен. Холанѓанецот од круг во круг „кинеше“ по половина секунда, а во некои кругови дури и повеќе од тоа. Ботас заостануваше четири секунди зад Макс, а многу подалеку беше Норис на четвртото место пред Леклерк од Ferrari.

На влез во 29-от круг, Хамилтон по втор пат ги посети механичарите и на патеката се врати повторно со тврди гуми. Во исто време, Mercedes му јави на Ботас дека ќе одат на подолг стинт за да се обидат со различни стратегии создадат поголем притисок врз Red Bull и Верстапен. Два круга подоцна, Финецот сепак влезе во боксот, но изгуби многу време поради промената на предната промена. Така пропадна тактичкиот план на Mercedes.

Ботас на патеката се врати зад Норис и Леклерк, а зад него Перез го престигна Рикиардо на шестата позиција. Следуваше нов влез во боксот на тоа „друштво“, па така во 33-от круг гумите ги сменија Леклерк и Рикиардо, а во боксот влезе и Алонсо, но не излезе назад на патеката поради проблем со сопирачките.

Откако и Ландо Норис го направи своето второ застанување, поредокот на патеката беше Верстапен, Хамилтон, Ботас, Перез, Саинц, Норис, Леклерк, Рикиардо, Строл. Саинц го одложи второто влегување во боксот до 39-от круг и се врати на патеката на деветтото место, зад Канаѓанецот во Aston Martin. Круг подоцна и Перез премина на средно тврди гуми и на патеката се врати директно во жестока битка со поранешниот тимски колега Строл за седмото место. Перез со нови гуми брзо помина напред и се впушти во потера по Рикиардо.

Верстапен по нови гуми влезе во 40-от круг. Екипата на Red Bull експресно ја заврши работата и Верстапен се врати на патеката со осум секунди зад Хамилтон тврди гуми. За „лов“ на Британецот на Макс му преостануваа уште 16 круга. Обидувајќи се да му избега на Холанѓанецот, Хамилтон го сруши рекордот во Formula 1 по броj на кругови поминати во водство (5112).

Серхио Перез уште еднаш имаше многу содржајна трка во Бахреин. Во 44-от круг мина пред Рикиардо во битката за шестото место. Тој го стори тоа во првиот свиок, каде само неколку моменти подоцна се судрија Фетел и Окон. Германецот направи грешка при сопирањето и го удри возачот на Alpine, за што подоцна беше казнет со 10 секунди. Саинц заврши добра работа, па на десет круга пред крајот ја зазеде осмата позиција од Строл, а Перез успеа да стигне до Леклерк на петтата позиција пред крајот на трката.

Сепак, фокусот целосно се префрли на борбата за првата сезонска победа. Од круг во круг, Макс ја „грицкаше“ предноста на Хамилтон, за на седум круга до крајот разликата биде две и пол секунди. Стратешката игра заврши, возачите ги зедоа работите во свои раце, а во 53-от круг Верстапен успеа да ја анулира разликата и да нападне. Го помина Хамилтон во четвртиот свиок, но за кратко излета од патеката и мораше да му ја врати позицијата на Британецот.

Макс продолжи да притиска, но неколку помали грешки му дозволија на Хамилтон да стигне до предност што му беше доволна за да победи на отворањето на сезоната. Седумкратниот шампион успеа да се одбрани и на своето конте да ги стави првите 25 поени од Бахреин. Верстапен заврши на второто место, Ботас на третото (Финецот освои и дополнителен бод за најбрз круг).

Отворањето на сезоната во Бахреин беше одлично. Да се ​​надеваме дека така ќе биде и за три недели во Имола.

2021 Bahrain Grand Prix | Резултати

2021 Bahrain Grand Prix | Race Highlights

2021 Bahrain Grand Prix | Изјавија по трката