Formula 1: Сите рекорди на Луис Хамилтон
Британецот триумфираше во драматичен финиш на трката за ГН на Русија во Сочи и со тоа стигна до својата јубилејна 100-та победа во Formula 1
Ако се погледнат само бројките, или „сувата“ статистика, Луис Хамилтон е веќе најдобриот возач во историјата на Formula 1. Ако некои мислат поинаку, тогаш може да се каже само едно – зад неговото име има многу импресивни рекорди.
Најмногу победи
Луис Хамилтон: 100
Михаел Шумахер: 91
Себастијан Фетел: 53
Алан Прост: 51
Аиртон Сена: 41
Хамилтон на својата „сметка“ има 176 подиуми, а зад него се одличните Михаел Шумахер со 155 и Себастијан Фетел со 122.
Најмногу пол-позиции
Луис Хамилтон: 101
Михаел Шумахер: 68
Аиртон Сена: 65
Себастијан Фетел: 57
Џим Кларк / Алан Прост: 33
Најмногу пол-позиции и победи во иста трка
Луис Хамилтон: 59
Михаел Шумахер: 40
Себастијан Фетел: 31
Аиртон Сена: 29
Алан Прост: 18
Асот на Mercedes и Михаел Шумахер се еднакви по бројот на освоени титули – секој има по 7 во категоријата возачи, и ja делат лидерската позиција. Зад нив се Хуан Мануел Фанџо со 5 освоени шампионски титули и Себастијан Фетел и Алан Прост со по четири титули. Сепак, сосема е можно Хамилтон да освои нова титула оваа година, со која ќе го надмине легендарниот Шумахер и во оваа сфера.
Уште еден рекорд со кој Хамилтон може да се пофали е бројот на кругови во трките од „најбрзиот циркус во светот“ помина на лидерската позиција. Британецот има дури 5.232 круга, додека зад него е Михаел Шумахер (5.111), а потоа следуваат Себастијан Фетел (3.499), Сена (2.931) и Прост (2.683).
Број на трки во водство од старт до финиш
Луис Хамилтон: 22
Аиртон Сена: 19
Себастијан Фетел: 15
Џим Кларк: 13
Џеки Стјуарт / Михаел Шумахер: 11
Најмногу освоени поени
Луис Хамилтон: 4024.5
Себастијан Фетел: 3053
Фернандо Алонсо: 1957
Кими Раиконен: 1869
Валтери Ботас: 1663
Нико Розберг: 1594.5
Најмногу трки завршени во поени
Луис Хамилтон: 242
Михаел Шумахер: 221
Кими Раиконен: 218
Фернандо Алонсо: 213
Себастијан Фетел: 206
Има уште многу бројки кои одат во прилог на Британецот (повеќе на www.statsf1.com), а она што можеби е најважно во моментот е дека тој се уште не ја завршил импресивната кариера, па има време да создаде нови „статистички импресии“.