Многу бензински пумпи во Обединетото Кралство се принудени да ги затворат вратите за испаничените клиенти, бидејќи тие едноставно немаат залихи на стоки за продажба

Тамошната влада размислува за ангажирање на војската за да обезбеди испорака на гориво до бензинските пумпи. Вистинскиот колапс не е поради проблеми во преработката на нафтени продукти, туку главниот проблем се однесува на недостатокот на возачи на камиони. Се чини дека се ближи реализација на таканаречената „Операција Escalin“

Значи, има гориво, но недостатокот на квалификуван персонал за управување со камионите кој ја погодија Велика Британија е тој што е одговорен за „сувите“ бензински пумпи. Тесното грло во економијата на островската земја веќе предизвикува сериозни последици. Според соопштението на Здружението на трговците на мало со нафтени производи, кое претставува околу 5,5 илјади независни бензински пумпи, две третини од продажните места останале без капка гориво.

Згора на се, побарувачката пораснала дури за 500%, вели шефот на здружението, Брајан Мадерсон, во интервју за националната BBC. Мадерсон вели дека помеѓу 50 и 90% од бензинските пумпи се без снабдување со гориво, а и останатите наскоро ќе завршат со точење.

Весниците The Times и Guardian пишуваат дека сега на потег е војската која треба да се стави во цивилна служба и да ги понуди своите возачи, со цел да се надмине проблемот. Планот што предвидува такво нешто се вика Операција Escalin и како таков, се очекува да го преиспита и премиерот Борис Џонсон, денес. Досега, никој не успеал да добие официјална потврда за планот, па под знак прашалник е дали воопшто ќе биде усвоен, и во каква форма. The Times објави дека дури и ако планот добие зелено светло, на армијата ќе и требаат денови да се организира и да ги исполни очекувањата.

Како и да е, неколку причини предизвикаа страшен дефицит на возачи на Островот. Имено, поради здравствената криза, дојде до забавување на обуката и унапредување на нов персонал, а потоа настана проблемот што пандемијата однесе дома дваесетина илјади возачи, претежно од Источна Европа. Згора на сето тоа, со напуштањето на Европската унија, Британците воведоа построги правила за имиграција и сега тоа им се „удира од глава“.

Покрај малопродажбата на нафтени производи, тешко погодени се и трговците на мало, па дури и на големо, а дури и снабдувањето со храна е многу тешко, како резултат на што полиците стануваат се попразни.

Сега властите на оваа земја ги газат своите правила и планираат да издадат работни дозволи за околу пет илјади возачи на камиони, меѓу другото, во забрзана постапка. Се разгледува и либерализација на условите за стекнување на титулата професионален возач на камион, слично како за американскиот пазар.