Минатогодишниот шампион во Formula 1, Oracle Red Bull Racing Team, влегува во Светскиот шампионат во Formula 1 за 2023 година со болид наречен RB19, а на јавноста и беше претставен на настан во Њујорк во петокот попладне по средноевропско време.

Зад Red Bull Racing е фантастичната 2022 година. За прв пат од 2013 година, „Биковите“ станаа светски шампиони кај конструкторите во Formula 1, а Макс Верстапен ја освои својата втора последователна титула како возач. Red Bull Racing минатата сезона победи на 17 трки, додека Холанѓанецот забележа рекордни 15 пласмани на подиумот.

Секако, по ваква сезона и се што е прикажано на патеките ширум светот, Red Bull Racing влегува во Светскиот шампионат во Formula 1 за 2023година  како прв фаворит. Целта на тимот е да ги одбрани двете титули, а возачкиот состав повторно ќе го сочинуваат Верстапен и Серхио Перез. Искусниот Австралиец Даниел Рикиардо сега е во улога на резервен возач, а тимот ќе продолжи да го води Кристијан Хорнер.

Сите беа во Њујорк на настанот со кој официјално започна новата сезона за Red Bull Racing, а каде беше претставен новиот болид RB19. 

Хорнер на почетокот го потенцираше зајакнувањето на популарноста на Formula 1 на територијата на Соединетите Американски Држави и објасни дека тоа е делумно причината поради која Red Bull го избра Њујорк за свој почеток на сезоната. Тој најави и дека Red Bull ќе има посебен дизајн на болидот на американските трки оваа сезона, а за тоа ќе бидат задолжени навивачите. Потоа се осврна на очекувањата од сезоната, која започнува за нешто повеќе од еден месец.

„Ќе биде неверојатна сезона бидејќи нашите ривали дефинитивно нема да се помираат со сегашната ситуација. Очекуваме добро Ferrari, добар Mercedes, но во овој период од годината секогаш има многу непознати. Тоа ќе биде долга сезона, од март до ноември, и сигурно сите ќе има скокови и падови во текот на првенството“, вели шефот на тимот на Red Bull Racing.

„Многу сме возбудни од доаѓаето тука, бидејќи оваа година ќе имаме три трки во САД. Повторно сме многу оптимисти пред стартот на сезоната и ќе се обидеме да ги одбраниме освоените титули. Никој не е совршен и секогаш треба да се стремиш за напредок“, излави Верстапен.

Во повеќето минатогодишни трки, Верстапен беше недостижен за конкуренцијата, вклучително и за неговиот тимски колега Перез.

„Целта е да продолжиме со развојот. Сакаме да бидеме уште подобри од мината година, иако тешко ќе ја постигнеме таа цел. Многу работевме во зимата. Пред нас е многу долга сезона, затоа мораме да се осигуваме да имаме доволно енергија за целото првенство“, вели Мексиканцот.