Благодарение на побрзиот болид на Red Bull, Макс Верстапен може да се надева на борба за освојување на шампионската титула оваа година 

Во досегашните четири трки, тој навистина го намачи главниот кандидат за титулата, Луис Хамилтон и многу веројатно дека шампионатот ќе биде исклучително интересен за гледање за прв пат од 2016 година.

На секоја трка меѓусебно се престигнуваа, а на патеката во Имола беа најблиску еден до друг со минимален контакт. Тимскиот шеф на McLaren, Зак Браун смета дека контактот меѓу двајцата е неизбежен.

„Мислам дека ривалството е одлично за спортот и добро е што ги имаме двајцата кои меѓусебно се напаѓаат“, вели Браун и продолжува: „Се надевам дека тоа ќе создаде можност во одреден момент во текот на годината бидејќи мислам дека е прашање на време кога двајцата ќе бидат решителни да не се попушти во првиот свиок, а тоа значи и судир од кој може и двајцата да завршат надвор од патеката“.

 

„Мислам дека тоа е одлично за Formula 1. Луис имаше прилично лесна работа досега, сем онаа година кога Нико Розберг стана шампион. Ова е добро ривалство. Мислам дека Макс го натера Луис да биде подобар, иако не дека требаше да се подобри, но тој дефинитивно ги дава своите најдобри возења. Мислам дека е јасно дека Луис е многу паметен возач. Можете да го видите како седи и чека шанса за напад и тој не е нестрплив. Мислам дека неговото искуство излезе на виделина“, вели Браун.

Возачот на Mclaren, Ландо Норис, смета дека дуелот на двајцата е многу забавен за гледање и дека Макс мора да ризикува малку повеќе, како на шпанското ГП ако сака да победи.

„Макс се обидува да ги искористи таквите можности како на пр. во свиокот број еден во Шпанија. Тоа беше прилично ризичен потег. Ако Луис свртеше, ќе се судреа. Макс беше прилично посветен на неговиот потег. Но, ова се можностите што Макс треба да ги искористи во оваа фаза, бидејќи тие (Red Bull) се малку побавни. Но, затоа е забавно, затоа што тогаш Луис мора да се врати назад и да се обиде да го престигне“, вели Ландо Норис.