Проектот е посветен на легендарниот 1000 Sport Prototipo

Во 1966 година, инженерот Марио Колучи го создава 1000 Sport Prototipo – еден од најголемите автомобили во историјата на Abarth. Машината е исклучително лесен и моќен „спајдер“, конструиран на цевкаста рамка, со минималистички дизајн и компактен мотор со 4 цилиндри. Иако се произведува во прилично ограничена серија од само неколку примероци, моделот станува исклучително популарен.

За да го прослави 55-от роденден на овој автомобил икона, Abarth го претстави уникатниот 1000 SP. Машината, создадена во еден примерок, го следи истиот основен пристап кон дизајнот, но, се разбира, и доста ажурирана во карактеристиките, обезбедувајќи подобра аеродинамика и ергономија.

Како што може да се види од сликите, новиот 1000 SP ги следи мазните линии на оригиналниот модел, со тоа што компанијата тврди дека возилото е развиено со строго почитување на принципите за дизајн на оригиналот. Зачувани се дури и предните тркалезни светла, како и задната линија, иако повисока кај наследникот.

Погонот на Abarth 1000 SP е 1.75-литарски мотор Alfa Romeo со максимална моќност од 240 коњски сили. Ова е значително повеќе од 105-те „коњи“ на еднолитарскиот мотор користен во моделот од 60-тите години на минатиот век. Сепак, компанијата не дава никакви други технички или динамични податоци за новиот модел.

Помоќниот мотор во никој случај не е единственото подобрување во воскреснатиот спортски модел. Сосема поинаква е шасијата, специјална хибридна цевкаста рамка, со комбинација од карбонска централна ќелија и алуминиумска предна страна. Суспензијата е исто така доста различна и модернизирана за подобра контролата при влегување во свиоци со голема брзина.

Abarth не дава информации ниту за своите планови за иднината на спортскиот автомобил. Во моментов, концептот е дизајниран за демонстрација на технички идеи, а машината ќе учествува во разни настани поврзани со ретро автомобили.