Во Остин, САД, Валтери Ботас победи, а Хамилтон беше втор на патеката, но тоа беше доволно на две трки до крајот за да се запечати одличната сезона со освојување на нова титула

За Ботас ова беше четврти сезонски триумф, а вкупно седми во кариерата.

Трет беше Макс Ферстапен од Red Bull, четврти Чарлс Леклер од Ferrari, а петти вториот возач на Red Bull, Александар Албон.

Британeцот претходно титулата ја освојуваше во 2008, 2014, 2015, 2017 и 2018 година и сега е само на чекор до легендата на спортот Михаел Шумахер кој е на врвот на вечната листа со седум титули.

Тек на трката:

Валтери Ботас добро стартуваше и ја сочува водечката позиција. Добар старт имаше и Верстапен, кој од третата позиција се проби на втората, како и Хамилтон кој од петата стигна на третата позиција, пред двајцата возачи на Ferrari, Фетел и Леклер, кои веќе на стартот загубија по две позиции.

Себастијан Фетел наскоро беше поминат и од Ландо Норис од McLaren, по што Германецот пријави дека има проблеми со болидот. Ова стана и повеќе од јасно кога Фетел набрзо беше поминат и од Рикиардо за шестата позиција. До петиот круг, Ботас веќе имаше предност од 1,7 секунди пред Верстапен, а во осмиот круг Фетел дефинитивно се откажа од трката по откажување на суспензијата на предното лево тркало. Хамилтон добро возеше, намалувајќи ја разликата во однос на Верстапен на нешто помалку од секунда до 11-от круг.

Во 14-от круг Верстапен влегува во боксот на замена на гумите, по што на патеката се враѓа како четврти зад Леклер. Истото го прави и Ботас, чии механичари го задржуваат нешто повеќе, но сепак успеа да се врати на патеката пред Верстапен, на третото место. По одењето во бокс на Ботас, водечката позиција ја зазеде Хамилтон, пред Леклер.

Во 16-от круг, Ботас лесно го помина Леклер од надворешна страна и тргна во потера по Хамилтон. Наскоро и Верстапен лесно го мина Леклерк, а Ботас, се повеќе ја намалуваше разликата во однос на Хамилтон, кој сеуште не беше заминат на промена на гумите. Прво Леклер оди во бокс, се задржува дури 7,7 секунди и на патеката се врати како шести, зад Хулкенберг. Во 24-от круг повик за промена на гумите добива и Хамилтон, кој прво одбива и вели дека сака да продолжи уште некој круг на старите гуми. Тогаш Ботас брзо и лесно го минува по што во 25-от круг Хамилтон се решава на замена на гумите и на патеката се враќа на третото место зад Верстапен. 

Во тие моменти од трката, Ботас беше сигурен на првото место, а Хамилтон преку радио врската се распрашуваше дали има шанса да победи, на што му одговараа потврдно затоа што имаше добри времиња по круг, но мораше да ги сочува гумите. 

Од водечката тројка, Верстапен прв се реши на втора замена на гуми во 35-от круг по што на патеката се врати на третото место или зад Хамилтон. Брзо потоа повик за замена на гумите доби и Ботас, кој потоа се врати на втората позиција со девет секунди заостанување зад Британецот.

Во 50-от круг од трката, Ботас беше на секунда зад Хамилтон. Веќе во наредниот круг Финецот го нападна Британецот, кој добро се бранеше, па Ботас на кратко дури и излезе од патеката. Сепак веќе еден круг подоцна, поновите гуми на Ботас му носат голема предност и лесно успева да го заобиколи Хамилтон и го зазема првото место.

Во финишот од трката, закана за втората позиција на Хамилтон беше и Верстапен кој очигледно беше побрз. Сепак, возачот на Haas, Кевин Магнусен, неуспева да закочи и останува паркиран покрај патеката, што беше знак за истакнување на жолтите знамиња кои ги предупредуваат возачите да не претекуваат, овој пат во Секторот 2. Ова му помогна на Хамилтон да го заджи Верстапен остана зад себе, да го освои второто место и шестата титула. На Британецот му беа потребни само четири поени за да ја освои титулата, а тој освои нови 18.

2019 United States Grand Prix: Резултати

2019 United States Grand Prix: Race Highlights

Претпоследната трка од шампионатот се вози за ГН на Бразил на 17-ти ноември во Сао Паоло.

Loading...