Макс Верстапен со одлично и мирно возење од почеток до крај, лесно стигна до победата во Абу Даби

Холанѓанецот на „Jas Marina“ ја забележа втората овосезонска победа или вкупно 10-та во кариерата. Со победата стана првиот возач кој не ги брани боите на Mercedes, а кој славел во Абу Даби од почетокот на хибридната ера во 2014 година. Двајцата возачи на Mercedes, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, не можеа ниту да му се приближат, а камо ли да го нападнат Верстапен во борбата за победа на денешната трка.

Четвртото место го освои Алекс Албон со вториот Red Bull, додека петтото и шестото место ги освоија возачите на McLaren, Ландо Норис и Карлос Саинц, кои со овој резултат на тимот му го донесоа третото место на конструкторската листа. Седмото место му припадна на Даниел Рикиардо од Renault Рено, а осмото на Пјер Гасли во Alpha Tauri. Естебан Окон so второто Renault и Ленс Строл во Расинг Поинт го затворја кругот кријат на десетте најбрзи.

Генерално, трката за ГН на Абу Даби беше крајно здодевна, бидејќи на првите три позиции немаше промена од стартот на трката па се до нејзиниот крај. Иста им беше дури и тактиката со едно застанување кое го направија во 10-от круг, кога возачот на Racing Point, Серхио Перез, едноставно застана на патеката по што следеше виртуелното безбедносно возило, а потоа и вистинското.

Се што беше тркачки интересно се случуваше зад Хмилтон. Најблиску до првите тројца беше Александар Албон, пред двоецот на McLaren, Лaндо Норис и Карлос Саинс Јуниор. Даниел Рикардо успеа да ги надмудри возачите на британскиот тим по првто влегување во боксот, за да сепак, по второто менување на гуми пред последните десет круга, тој го загуби темпото зад Шпанецот. Таквиот исход на McLaren му го донесе третото место помеѓу конструкторите, зад Mercedes и Red Bul, a пред Racing Point.

Во меѓувреме Саинc беше под истрага за бавно возење во боксот, за да по трката биде одлучено тој сепак да не биде казнет. На крајот, Рикардо мораше да се задоволи со седмото место, но и со најбрзиот круг, кој во последен момент го „украде“ од Ферстапен.

Седмата шампионска сезона Хамилтон ја заврши со 347 поени, пред Ботас со 124 помалку, додека трет е Ферстапен со 214.

2020 Abu Dhabi Grand Prix: Резултати

2020 Abu Dhabi Grand Prix: Race Highlights

Абу Даби за збогум!

Она што е можеби поважно, со оглед дека многу работи беа решени и пред трката, е тоа дека трката во Абу Даби ја одбележаа низа збогувања. Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел ја извозе својата последна трка за Ferrari, која тој ја заврши на 14-тото место, позиција зад неговиот веѓе поранешен тимски колега Чарлс Леклерк. Следната година Саинс ќе го заземе местото на германскиот возач, кој пак ќе биде заменет со Рикардо во McLaren. Заминувањето на Австралиецот направи простор за враќање на Фернандо Алонсо во Renault, тим кој од следната сезона ќе се натпреварува под името Alpine.

Неделната трка потенцијално последна беше и за Серхио Перез, барем до 2022 година, бидејќи и покрај одличната сезона зад воланот во Racing Point, тој нема место на гридот за следната сезона. Возачот на Haas, Кевин Магнусен, се прости од Formula 1, барем некое време, a претходно збогум, непосакувано поради повредите што ги здоби во Бахреин, имаше и неговиот тимски колега Роман Грожан. Абу Даби најверојатно беше последна трка и за Данил Квјат, кој ќе биде заменет со Јапонецот Јуки Кунода во Alpha Tauri. Единственото слободно место во моментов е во Red Bull, иако последните денови се шпекулира дека австрискиот тим ќе го задржи Албон, а Хамилтон кој сè уште не го продолжил договорот со Mercedes, само е прашање на време кога ќе го стори тоа.

Следниот шампионат во Formula 1 треба да започне со ГН на Австралија на патеката „Алберт парк“ на 21 март следната година.