Mакс Верстапен е победник на Големата награда на Канада, деветта трка од овогодинешниот шампионат во Formula 1

По две години пауза поради пандемијата со коронавирус, трките се вратија на патеката „Жил Вилнев“. Младиот Холанѓанец ја забележа шестата сезонска победа, вкупно 26-та во кариерата, пред Карлос Саинс во Ferrai Луис Хамилтон во Mercedes, за кого ова беше прв подиум од отворањето на сезоната во Бахреин.

На четвртото место заврши Џорџ Расел во Mercedes кој успешно се проби во поредокот во првата фаза од трката. Солидно петто место за Шарл Леклер и двоцифрен број поени, особено ако се земе во предвид дека поради казна стартуваше од претпоследната позиција.

Естебан Окон го напушта Монтреал како најзадоволен член на Alpine, завршувајќи ја трката на шестото место откако покажа многу солидно и постојано темпо во текот на целата трка. Сепак, незадоволството од другата страна на гаражата сигурно ќе биде големо. Фернандо Алонсо заврши на седмото место и на крајот од трката беше многу несреќен што не заврши пред Окон. Шпанецот имаше невообичаено долг прв стинт каде го загуби приклучокот со водечките возачи и со тоа ја загуби секоја шанса за подиум.

Одличен викенд и за тимот на Alfa Romeo. Валтери Ботас си ја заврши работата како и обично и заврши на осмото место, а Гуан Жу успеа да стигне до деветтото место, освојувајќи поени по втор пат во кариерата. Кругот на освојувачи на поени во Канада го затови Ленс Строл на 10-то место.

Верстапен извозе одлична трка, а во последните дваесет круга Саинц постојано беше на помалку од секунда зад него. Двајцата имаа различни стратегии, бидејќи бранителот на титулата го искористи периодот на првото виртуелно безбедносно возило, по откажувањето поради дефект на моторот на неговиот тимски колега Серхио Перез, за да оди на бокс на прва промена на гумите. Возачот на Ferrari тоа го направи при периодот на второто виртуелно возило поради откажувањето на Мик Шумахер исто така поради дефект на моторот.

Саинц шансата да се вклучи во борбата за триумф ја доби на 21-круг пред крајот, кога на патеката излезе безбедносното возило по излетувањето и удирањето во заштитната ограда на Јуки Цунода.

Верстапен до тој момент континурано ја намалуваше разликата по второто влегување во бокс, но се знаеше дека Саинц ќе мора уште еднаш да ги посети механичарите, што и го направи по споменатиот инцидент. Кога трката продолжи, до крајот останаа уште 16 круга во кои Шпанецот постојано беше веднаш зад актуелниот шампион, но не ја доби вистинската можност за напад.

Хамилтон беше сигурен на подиумот во поголемиот дел од трката бидејќи имаше слична тактика како Верстапен, со која профитираше во однос на Фернандо Алонсо во болидот на Alpine. Двократниот светски шампион не ги промени гумите во двата периода на виртуелното безбедносно возило, со што го загуби клучно време, па мораше да се задоволи со седмото место.

За одбележување е и возењето на Шарл Леклер кој успешно од претпоследната стартна позиција се проби во поредокот, а меѓу другото на ист начин ги помина двајцата возачи на Alipne во втората половина од трката. Потенцијално повисок пласман го чинеше и побавното менување на гумите.

Поенот за најбрз круг му припадна на Карлос Саинц Јуниор.

Верстапен сега има 175 бодови на врвот во генералниот пласман, а го следат Перез со 129 и Леклер со 126 бода. Следната трка од овогодинешниот шампионат во Formula 1 се вози за Големата награда на Британија на патеката „Силверстоун“ на 3 јули.

2022 Canadian Grand Prix / Резултати

По завршувањето на трката, Фернандо Алонсо доби казна од +5 секунди на постигнатото време (поради начинот на одбрана на позицијата во однос на Валтери Ботас), со што од 7-то место во конечниот поредок на трката падна на 9-место.

2022 Canadian Grand Prix / Race Highlights

2022 Canadian Grand Prix / Изјавија по трката

Макс Верстапен

„Безбедносното возило не ни помогна. Ferrari беше многу брз и не ми беше лесно да ја намалам предноста дури и во моментите кога имав посвежи гуми. На крајот беше возбудливо. Дадовме се од себе и беше забавно во последните неколку круга. За среќа, оваа година сме доста брзи на правците и тоа помогна“.

Карлос Саинц Јуниор

„Притискав до крај, мислам дека не оставав милиметар до ѕидот, но немавме доволно темпо, особено во шикана. Позитивно е што бевме побрзи, но тука ни требаше повеќе за да победиме. Задоволен сум од темпото, бидејќи успеавме да го ставиме Макс под притисок. Искрено, пробавме сè. Денеска бевме многу блиску до победа. Ќе ги усвоиме позитивните работи и ќе продолжиме понатаму“. изјави Карлос Саинц веднаш по трката.

Луис Хамилтон

„Ова трето место е одлична работа. Се мачиме многу оваа сезона, но остануваме фокусирани и јас сум многу горд на сите во тимот. Red Bull и Ferrari се малку пребрзи во моментов за нас, но ние сме се поблиску и мораме да продолжиме да работиме. Се надевам дека во еден момент ќе се вклучиме во борбата со нив. Темпото беше прилично добро и се работеше многу во симулаторот во фабриката и овде на патеката. Не го очекувавме овој резултат и ова е посебно чувство, особено што стигнав до подиум на патеката на која ја остварив првата победа во кариерата“, изјави Хамилтон.

2022 Canadian Grand Prix / Post Race Show

app go88 go88 nhà cái uy tín go88 eilat

đăng ký làm đại lý sunwin SunWin.gg | Game Macao Số 1 Việt Nam sunwin không nạp được tiền