Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, е победник на трката за ГН на Монако пред Себастијан Фетел и Валтери Ботас

Ова е прва трка од овогодинешниот шампионат која не завршува со двојна победа на тимот на Mercedes. Новиот триумф беше трета победа за британскиот возач во Монте Карло (најмногу меѓу активните возачи), а на вечната листа Британецот сега е изедначен со Нико Розберг, Џеки Стјуарт и Стерлинг Мос. Рекордер е Ајритон Сена со шест победи.

Карактеристично за трката во Монте Карло, се покажа дека квалификациите за Големата награда на Монако се од суштинско значење. Токму Луис Хамилтон во саботата се покажа во најдобро светло и ја обезбеди пол-позицијата.

Хамилтон по мирољубивиот старт успеа да ја поведе трката, за потоа се да се сведе на бркотница без претекнување по што Британецот ја однесе победата пред Макс Ферестапен и Себастијан Фетел.

Се лажете всушност ако помисливте дека Хамилтон лесно дојде до триумфот. Хамилтон имаше „еден куп“ комуникации со боксот нагласувајќи им дека има проблеми со левата предна медиум гума, но од боксот постојано добиваше одговор дека гумата ќе издржи, ако тој добро балансира со возењето.

Токму поради тоа, Ферстапен почна да му „дише во врат“ на Британецот. На два круга пред крајот во обид да го помине Хамилтон, дојде до контакт меѓу нив двајца, а подебелиот крај го извлече Верстапен, кој дури и благо ја допре заштитната ограда по што беше јасно дека Хамилтон ќе ја однесе победата. Овој инцидент Дирекцијата на трката го разгледуваше по трката, но сепак не изрече никакви казни ниту за едниот, ниту за другиот возач.

Претходно, при обид за побрзо излегување од боксот по промена на гумите, Макс Ферстапен имаше мал контакт со Валтери Ботас. Тој успеа на патеката да излезе пред Финецот, но поради агресивно возење и малиот контакт предизвикан од него, Ферстапен заработи казна од дополнителни пет секунди на крајното време. Овој инцидент најдобро го искористи Себастијан Фетел, кој на крајот иако трет во трка, заврши на второто место на подиумот.

Неговиот тимски колега Чарлс Леклерк дефинитивно нема да ја памети трката и воопшто целиот тркачки викенд по добро. По лошите саботни квалификации, трката ја стартуваше од 16-та позиција. Тргна фуриозно и веќе по осум круга беше три позиции понапред во поредокот. Сепак во 13-от круг во обид да го помине Хулкенберг, ја закачува оградата и неговата задна гума буквално се распрснува на сите страни по што на патеката излезе безбедносното возило. Леклерк некако успеа да стигне до боксот на замена, но како последен во поредокот. Неколку круга потоа се откажа од трката.

Во бодови завршија и Пјер Гасли од Red Bull како петти (воедно и освојувач на дополнителниот бод за најбрз круг во трка), пред одличниот шести Карлос Саинз од McLaren, Даниел Квјат и Александар Албон од Toro Rosso како седми и осми,  деветтиот Ромен Грожан и последниот на листата на освојувачи на бодови Даниел Рикардо од Renault.

Резултати:

2019 Monaco Grand Prix: Race Highlights

Следната трка од шампионатот се вози за две недели во Канада.