Formula 1: И покрај казната за инцидентот со Верстапен, Хамилтон на тронот по трката за ГН на Велика Британија / ФОТО+ВИДЕО
Сеуште актуелниот шампион по неколку трки пост, дојде до нова победа по голема борба со Чарлс Леклерк од Ferrari
Убав сончев ден ги поздрави возачите на Силверстоун. Температурата на воздухот беше 29, а на патеката 51 степени. За прв пат по подолго време, поради воведувањето на спринт трката, возачите имаа слободен избор на гуми пред почетокот на трката, односно не мораа да стартуваат со оние кои ги користеа во квалификациите.
Поради спецификациите на патеката, сите возачи решија да започнат со средната компонента, освен Перез, кој поради грешката на спринт трката во саботата, тргна од питлејнот и на тврди гуми.
На стартот, Верстапен успеа да ја поведе колоната, но Хамилтон остро го напаѓаше возачот на Red Bull низ првиот и вториот сектор, што на крајот во деветиот свиок доведе до контакт и инцидент, по кој Верстапен заврши во заштитниот ѕид крај патеката. Целата ситуација ја искористи Леклерк кој го презеде водството пред Хамилтон, кој пак пријави оштетување на болидот, а на патеката кратко потоа се појави возилото за безбедност. Редоследот за Хамилтон беше Ботас, Норис, Рикиардо, Фетел, Алонсо, Саинц, Раиконен и Окон. Поради комплексноста на отстранување на болидот на Верстапен од местото на инцидентот и поправката на оштетувањето на заштитниот ѕид, за кратко време се донесе одлука за прекин на трката, а возачите мораа да се поредат во питлејнот.
Нормално, инцидентот меѓу овие двајца возачи беше официјално под истрага на судиите. Прекинот траеше нешто повеќе од 40 минути, по што безбедносното возило ги врати болидите на патеката.
Судиите се одлучија за старт од место, по редоследот пред прекинот на трката. Леклер по рестартот ја поведе колоната пред Хамилтон, а Ботас повторно го загуби третото место од Норис. Фетел по сопствена вина се сврте на патеката на пристапот до осмиот агол, но успеа да се врати. Рикиардо беше на петтото место, Саинц беше шести, а го следеа Алонсо, Строл, Окон и Раиконен. Токму во тој момент судиите објавија дека Хамилтон е казнет со +10 секунди за инцидентот со Верстапен.
До шестиот круг Леклерк имаше предност од 1,6 секунди во однос на Хамилтон, додека Норис доцнеше исто толку зад него, а Перез за тоа време успеа да се пробие на 14-та позиција. Наскоро, Перез ги обиколи и Расел и Џовинаци и се најде на 12-тото место, за потоа да заглави зад Гасли и Раиконен, за кои очигледно немаше доволно добро темпо за да ги заобиколи. Хамилтон тргна поагресивно да ја намали разликата со Леклерк до 16-от круг, кој пак пријави проблеми со единицата. Ferrari набрзо го извести својот возач дека проблемот е решен.
Во 19-от круг Перез прв оди во боксот на промена на гумите, но истото го прават и Расел и Раиконен, додека Леклерк успеа да го постави најбрзиот круг на трката. Сепак, Перез веќе во првиот круг по замената на гумите лесно го минува Раиконен. 21-от круг донесе масовна промена на гумите, од средна на тврда компонента. Најлошо во таа измена помина Ландо Норис кој во боксот се задржа скоро 6 секунди, што подоцна го искористи Ботас за да повторно се најде пред младиот Британец од McLaren.
Хамилтон на промена се реши дури во 28-от круг, кога воедно и ја издржа казната од 10 секунди, за да потоа на патеката се врати на петтото место зад Норис. Следен во бокс беше Саинц, но механичарите имаа проблеми со монтирањето на предното тркало, поради што се врати само на 6-то место, а го следеше и водечкиот Леклерк, но кај него промената на гумите помина брзо и без проблеми. По промената, возачот од Монако се врати на првото место пред Ботас, Норис, Хамилтон, Рикиардо, Саинц, Цунода, Алонсо, Строл и Перез.
Хамилтон веднаш започна да ја намалува разликата во однос на Норис кого набрзо и лесно го заобиколи. Се отвори битка и за 5-та позиција каде Саинц вршеше притисок врз Рикиардо, но сепак не успеа да создаде позиција за напад и престигнување. Нешто подолу на гридот, Перез се обидуваше да го заобиколи Строл за 8-то место, но без конкретна можност за тоа. Мексиканецот повторно отиде на промена на гумите во 39-от круг, по што доби комплет нови средни гуми. Еден круг подоцна Mercedes издаде наредба за Ботас да не влегува во борба со Хамилтон, така што Британецот лесно мина и се проби до второто место со заостанување од 8 секунди зад Леклерк.
Хамилтон пред себе имаште празна патека и нови гуми, па брзо почна да ја намалува разликата зад возачот на Ferrari. До 47-от круг, оваа разлика падна на под 3 секунди. На 3 круга до крајот, Хамилтон веќе беше во DRS зоната зад Чарлс Леклерк, а во 9-от свиок и лесно успева да го заобиколи за освојување на кудерската позиција.
На крајот Хамилтон и покрај се што му се случи, и инцидентот и казната, успеа да победи пред Леклерк и Ботас, додека Норис беше четврти пред Раиконен, Саинц и Алонсо. Списокот на освојувачи на бодови го затворија Строл, Окон и Цунода.
What a feeling this must be! #BritishGP ?? #F1 pic.twitter.com/mLL9V4POnZ
— Formula 1 (@F1) July 18, 2021
2021 British Grand Prix / Резултати
2021 British Grand Prix / Race Highlights
2021 British Grand Prix / Анализа на судирот помеѓу Верстапен и Хамилтон
Следната трка од шампионатот се вози на 1-ви август за ГН на Унгарија на Хунгароринг.