Пет секунди казна за Фетел, за нова победа на Британецот

Луис Хамилтон по седми пат ја освои Големата награда на Канада откако судиите одлучија да му дадат пет секунди временска казна за небезбедно возење на Себастијан Фетел. Како трет во финалниот поредок заврши вториот возач на Ferrari, Чарлс Леклерк.

Нешто послаба трка од вообичаеното извозе Валтери Ботас и заврши на четвртото место, но, го освои дополнителниот бод за најбр круг во трка и нов рекорд на патеката. Макс Верстапен со добро возење го надокнади загубеното во саботните квалификации и заврши петти. Канада во добро сеќавање ќе остане и на возачите на Renault – Даниел Рикиардо заврши шести, а Нико Хулкенберг како седми пред возачот на Red Bull, Пјер Гасли.

Листата на освојувачи на бодови ја затворија Ленс Строл и Даниел Квјат, кои за своите позиции се изборија во последниот круг.

Себастијан Фетел во болидот на Ferrari прв ја помина целната рамнина, но поради казната од + 5 секунди на постигнатото време, победата му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Фетел во директен дуел со Хамилтон направи грешка и излета надвор од патеката, а при враќањето на неа директно наиде на Британецот. Според мислењето на многумина, се чинеше дека тој Фетел и неможеше да реагира поинаку по губењето на контролата над задниот дел од болидот, но судиите сметаа поинаку и го казнија со додавање на пет секунди на вкупното време.

Германецот во изјавите по трката не се согласуваше со тоа, но застана во одбрана на Хамилтон кого фановите го исвиркаа при прогласувањето на победникот.

„Не му свирете на Луис, Навистина уживав и во трката и во публиката. Луис беше малку побрз, но имавме одлична трка“, изјави Фетел, по што прокоментира и за контроверзниот момент: „Треба да бидеш целосно слеп да помислиш дека по преоѓањето преку тревнатиот дел можеш да имаш целосна контрола на болидот. Имав среќа што не удрив во ѕид. Каде требаше да се тргнам, што по ѓаволите…?!”, за кратко Германецот ги загуби нервите и продолжи:”Ова е нефер светот, а оваа одлука воопшто не е фер. Мислам дека доволно кажав, луѓето кои гледаат трката се ќе ви кажат. Прашајте ги фановите, а ние имавме одлична претстава“, заврши Фетел.

По завршувањето на трката на патеката Жил Вилнев, Фетел се паркираше на почетокот од боксовите и првично не сакаше да им се приклучи на Хамилтон и Леклерк на подиумот. Тој замина директно во просториите на неговиот тим, а дури потоа дојде на победничкиот подиум, веројатно посоветуван од тимот за да нема поголеми казни, но претходно направи нешто што ја воодушеви публиката.

Тимското радио на Ferrari по завршувањето на трката

Тој ги замени бројките за освоена позиција на местото предвидено за најдобрите тројца по завршување на секоја трка и бројот два го постави пред болидот на Mercedes, a на празноto место, онa за неговиот болид го постави бројот еден.

Хамилтон го утеши со тоа што при прогласувањето на победникот го прегрна и се повлече до врвот на подиумот алудирајќи дека на врвот има простор за двајца.

2019 Canadian Grand Prix: Резултати

2019 Canadian Grand Prix: Race Highlights



Следната трка од шампионатот, осма по ред, се вози за ГН на Франција на 23 јуни.

Loading...