Во 2040 година во оваа земја ќе има 1,9 милиони електрични возила

Норвешка е една од земјите каде времето на електричните автомобили доаѓа брзо, а купувачите дефинитивно сакаат автомобили на батерии. Во исто време оваа сериозна промена може да донесе и сериозна сметка. Според едно истражување, во следните 20 години, електричната мрежа на земјата ќе треба да се надгради и засили во вредност од 1,3 милијарди долари – пари кои ќе се кредитираат на сметките на клиентите.

Во март продажбата на електрифицирани возила во Норвешка достигна историски врв, при што речиси 60% од сите нови автомобили на овој пазар се електрични. Ова е резултат на целната политика на земјата, која вклучува ослободување на овие автомобили од одредени даноци, патарини, бесплатен паркинг и бесплатно дополнување на батериите.

Крајната цел на Норвешка е во 2025 година да не продава автомобили со конвенционални мотори. Сега во земјата по патиштата има околу 220.000 електрични возила, од вкупно 2.7 милиони регистрирани автомобили.

Токму поради зголемувањето на бројот на електрични возила и нивната зголемена потреба за „гориво“, инвестицијата од овие 1,3 милијарди долари не може да се одложи.

Норвешкиот регулатор одговорен за цените на електричната енергија предвидува дека клиентските сметки веројатно ќе се зголемат, бидејќи нема да се појави посебна сметка за електрична енергија. Во исто време, сметката може да биде и многу поскромна – 2,5 пати помала ако сопствениците на електрични автомобили ги променат своите навики и почнат да ги полнат своите автомобили само ноќе.

Околу 2040 на патиштата во Норвешка се очекува да се движат околу 1,9 милиони електрични возила.

Loading...