Ова е петта победа за Хамилтон на ГН на Италија, со што Британецот се изедначи со Михаел Шумахер. Тој освои четири од пет трки во Италија од почетокот на „турбо-хибридната“ ера, а интересно е дека Mercedes во тоа време е непобеден. Сега актуелниот шампион оваа сезона има шест победи, една повеќе од Фетел.

Ferrari имаше предност во текот на целиот викенд, но не успеа да ја материјализира во голема мера поради неспособноста на неговиот тим и нервозата на Фетел. Од друга страна, Mercedes својата стратегија ја донесе до совршенство, реагирајќи во вистинско време на вистински начин.

Хамилтон, кој тргна од третата позиција, ја искористи гужвата на почетокот, напредуваше едно место, имаше дури и обид за преземање на лидерската позиција, а потоа со паметна тактика и вешто возење го оствари шестиот триумф оваа сезона.

Уште во првиот круг имаше контакт помеѓу двајцата ривали за титулата, Фетел и Хамилтон, од кој болидот на Британецот излезе без оштетување, додека Фетел падна на 18-та позиција.

Сепак, успеа да се консолидира и со одлично возење брзо да се врати во близина на водечките. Лошата стратегија во Ferrari и овој пат имаше пресудно значење за исходот на трката. Лошата стратегија со гумите на Раиконен кој беше долго време лидер во трката, се чини дека го реши победникот. Хамилтон трпеливо ја чекаше својата шанса која се појави во 35-от круг. Веднаш ја искористи, а поради подобрата состојба на гумите лесно и брзо направи дури и предност пред Раиконен која лесно ја одржа до крајот на трката.

Раиконен остана на второто место, додека Ботас се проби до третото, а Себастијан Фетел до четвртото поради јказната на Макс Ферстапен од +5 секунди на конечното време. Во бодови или првите десет завршија и Грожан, Окон, Перес, Сајнц и Строл.

Со овој триумф, вкупно 68 во неговата кариера, четирикратниот шампион се чини е се поблиску и до петтиот наслов, бидејќи сега има 32 бода повеќе од Фетел, а до крајот остануваат уште седум трки.

2018 Italian Grand Prix: Резултати

2018 Italian Grand Prix: Race Highlights

2018 Italian Grand Prix: Изјавија по трката

2018 Formula 1: Генерален пласман на возачи

Следната се вози на 16-ти септември во Сингапур.