Возачот на Red Bull, Макс Ферстапен, со фуриозен финиш победи во дефинитивно најдобрата трка од сезоната

За прв пат оваа сезона, Ферстапен целната рамнина ја мина како прв и со тоа стави крај на доминацијата на Mercedes од почетокот на сезоната.

Mercedes во претходните осум трки целосно доминираше и ја однесе победата на секоја од нив (шест пати победи Хамилтон, два пати Ботас), за во Австрија на подиумот да остане само една позиција за нив, последната, за Ботас.

На втората позиција, откако безмалку цела трка беше на водечката позиција, заврши Чарлс Леклер со временско задоцнување зад победникот од 2,724 секунди. Дополнителниот бод за најбрз круг во трка му припадна на Макс Верстапен.

Четврти на крајот беше Себастијан Фетел од Ferrari, пред актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон од Mercedes, кој за прв пат оваа сезона не успеа да обезбеди пласман на подиумот.

Првопласирниот во саботните квалификации, Чарлс Леклерк започна добро и го задржа првото место, за разлика од Верстапен кој стартуваше катастрофално и  падна на петтото место, а наскоро и на седмото односно деветтото место. Одлично стартуваа и Ботас (Mercedes) и Норис (McLaren) кои се пробија на второто, односно третото место. Сепак Хамилтон наскоро го помина Норис и се најде зад неговиот тимски колега. Набрзо и Раиконен го престигна Норис, а Фетел кој стартуваше од деветтата позиција се искачи до шестото место.

До четвртиот круг, Леклер се стекна со 2,3 секунди предност пред Ботас, а наскоро и Фетел го мина Норис, кој и покрај отпорот нешто подоцна ја губи позицијата и од Верстапен. Во меѓувреме Фетел го помина Раиконен, за нешто подоцна истото да го стори и Верстапен, во, тој момент, битката за петтата позиција. 

Во тие моменти, Фетел возеше одлично и го намали временското заостанување зад Хамилтон, кое во 18-тиот круг беше само 3,2 секунди. 

Во 22-от круг, Ботас заминува на промена на гумите, а истото го прави и Фетел кој по лошата реакција на механичарите (боксот траеше 6 секунди)на патеката се врати како осми. Ботас во тие моменти беше на четвртата позиција. Еден круг подоцна во бокс на промена на гуми заминува и Леклер, но се враќа пред Ботас на третото место, зад во тие моменти водечките Хамилтон и Вестерпен.

Фетел возеше добро, го намали јазот и стигна до петтото место во 27-от круг. Набрзо потоа во 30-от круг Хамилтон се пожали на предното крило и заминува во боксот каде проблемот е решен со ново предно крило, заедно со гумите, по што на патеката се враќа зад Фетел. Во 32-от круг, на промена на гумите заминува и Верстапен по што на патеката се враќа како четврти, зад Феттел, но пред Хамилтон.

Во меѓувреме, Леклер успеа да направи разлика од 4.8 секунди во однос на Ботас, кој пак му „бегаше“ на Фетел за околу четири секунди. На Германецот со 2,5 секунди заостанување му се приближи Верстапен, зад кој во 42-от круг Хамилтон заостануваше 4,8 секунди.

Верстапен имаше одлична брзина и во 48-от круг веќе му дишеше во врат на Фетел. Веднаш во првата прилика се обиде и да го помине, но Фетел добро затвора. Сепак, два круга подоцна, доаѓа до израз „моќта“ на болидот на Red Bull, и ги Ферстапен го помин Фетел. Во 51-от круг Фетел е повторно во боксовите на промена на гуми, по што се враќа како петти

 Потоа, Верстапен се жали на губење на моќноста на моторот, но набрзо го поминува Ботас со најбрз круг. Во 68-от Холанѓанецот го напаѓа Леклерк, но  во првиот обид не успева. Леклерк одлично се бранеше, но не успеа до крај да го задржи Верстапен. При минувањето низ еден од свиоците доаѓа до контакт. Леклерк на кратко излегува од пакетата, но успева да се врати за да го задржи второто место во трка. Веднаш следуваше реакција на стјуардите на трката, кој одлучија инцидентот да се разгледа по трката.

На крајот Фетел опасно се приближи до Ботас, но сепак немаше доволно време за уште една промена на позиции во финишот на трката. 

Ландо Норис од McLaren повторно го покажа својот раскошен талент со освојување на шестото место. Тој зад себе го остави Пјер Гасли од Red Bull, кој повторно извозе под очекувањата, заостанувајќи цел круг во однос на тимскиот колега Ферстапен.

Одлична трка и за Карлос Саинц за потврда на напредокот на McLaren. Саинц поради промена на моторот стартуваше од последната позиција за на крајот да стигне до осмото место. Тандемот на Alfa Romeo, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци го затворија списокот на освојувачи на бодови со деветтото односно десеттото место. На тој начин младиот Италијанец стигна и до првиот бод во дебитантската сезона.

Официјална одлука од стјуардите по неколку часа

Неколку часа по завршувањето на трката и инцидентот помеѓу Верстапен и Леклерк, официјално се огласија и стјуардите со одлука дека нема казни и поредокот во трка останува без промени.

2019 Austrian Grand Prix: Резултати

2019 Austrian Grand Prix: Race Highlights

2019 Austrian Grand Prix: Изјави по трката

Макс Верстапен

„Тоа е цврсто тркање. Која и целта да се тркаш ако овие ситуации се казнуваат“, изјави Верстапен по трката.

Чарлс Леклерк

„Денес, Red Bull-от беше многу брз и имаше одлични гуми. Нема сомневање дека првиот обид беше регуларен, но мислам дека вториот, (кога со Верстапен имавме контакт) не е. Мислам дека исходот на трката сигурно ќе беше ист, но сигурно ова не е начин на кој се поминува друг автомобил”.

Следната трка во шампионатот е закажана за 14 јули, за Големата награда на Велика Британија.