На крајот од сезоната Даниел Рикардо го напушта тимот на Red Bull и ќе стане тимски колега на Ник Хулкенберг во Renault

Претседателот на одделот за тркање во Renault, Жером Стол, вели дека ангажирањето на Рикардо е уште еден чекор напред за тимот и додава: „Кога се врати во Formula 1, Renault тоа го направи за да се бори за титули. Потпишувањето на договорот со Рикиардо е единствена можност за Renault кон остварување на таа цел која не смееше да се пропушти“.

По објавата на Renault се огласи и самиот Рикардо.

„Ова е веројатно една од најтешките одлуки што некогаш сум морал да ги донесам во мојата кариера. Но, сметав дека е време за нови предизвици.

Разбирам дека има уште многу работа во Reanult за да стигне до својата цел, а тоа е борба на највисоко ниво, но јас сум воодушевен со нивниот напредок за само две години, и знам дека Renault бил победник во овој спорт. Сакам да им помогнам на овој пат и да дадам свој придонес на и надвор од патеката“.

Генералниот директор на Reanult, Абитебул вели: „Потписот на Даниел ја покажува нашата решеност да се забрза напредокот кон самиот врв на спортот“.

Веста за многумина беше шок, особено за оние кои редовно ја следат Formula 1, од проста причина што Renault изгледа како чекор назад во однос на тимот на Red Bull. Но треба и да се запомни дека преминот на Хамилтон во Mercedes од McLaren беше во период кога тимот на Mercedes сеуште беше во развој.

Добра или лоша одлука, ќе покаже времето.