Себастијан Фетел првиот ден од тестирањата во Барселона ги заврши на првото место

Фетел извозе 169 круга на патеката Каталуња, што е воедно и најмногу споредено со останатите на патеката.

Неговото Ferrari не покажа никакви проблеми, па тимот успеа да ги заврши планираните цели за првиот ден и да ја спушти стоперката на 1.18.161, само две секунди побавно од минатогодишото време за пол позиција.

„Не можевме да посакаме подобар ден. Беше одлично. Автомобилот работи беспрекорно и немавме никакви проблеми. Ги исполнивме планираните цели и нешто повеќе, така што од таа страна е одлично“, изјави Фетел на крајот од денот.

Сепак, тој нагласи дека ова е само прв ден од тестирањата и дека вистинските работи доаѓаат во Австралија за неколку недели.

„Ова е само почеток на приказната. Ако не продолжиме на овој начин, сето ова ќе биде бескорисно за неколку недели. Сепак, за сега, една голема пофалба за луѓето во фабриката за одличниот болид. И покрај новите правила тие направија одличен болид“, заклучи Фетел.