
Ferrari ќе престане да произведува мотори за Maserati
Производителот од Маранело во следните 2-3 години ќе ја запре испораката на погонски единици за моделите на Maserati
Двата познати италијански производители на спортски автомобили беа заедно под капата на FCA (Fiat Chrysler Automobiles) до 2015 година, кога Ferrari, со одлука на менаџментот на групата, се одвои како посебна компанија, со цел да се појави на берзата.
Сепак, Ferrari продолжи да произведува V6 и V8 мотори за потребите на моделите Ghibli, Quattroporte, Levante, GranTurismo и GranCabrio – речиси целaта гама на брендот.
Производството на погонски единици е активно врз основа на важечки договор помеѓу двете компании. Сепак, како што велат во Ferrari, Maserati објавил дека по истекот на овој договор нема намера да го обнови.
Од Ferrari велат дека испораката на погонски единици за Maserati ќе заврши во 2021 или 2022 година, а тоа според нив е позитивна вест, бидејќи ќе може да ја насочaт енергијата и работната сила исклучиво на развој и производството на енергетски единици за сопствените модели.
Производителот на Маранело вели дека не планираат да произведуваат мотори за која било друга компанија за автомобили по истекот на нивниот договор со Maserati, туку само за сопствени потреби.
Maserati користи мотори на Ferrari уште од 2002 година. Во моментов, зборуваме за 3.0-литарски twin-turbo V6, 3.8-литарски twin-turbo V8 и 4.7-литарски атмосферски V8.
Засега не е познато дали некоја друга компанија ќе го преземе местото под капакот на моторот.