Експертите предвидуваат дека ова ќе биде еден од бестселерите на 2020 година

Новиот Tesl Model Y е снимен за време на тестирање по јавен пат. Фотографиите, на кои се гледа задниот дел на електричниот кросовер, се појавија на интернет, што е „првиот настап на автомобилот пред публика“.

За вториот кросовер на Tesla се знае дека е изграден на платформата на Model 3, со кој дели околу 75% од компонентите. Во салонот на Model Y има 7 места, а клиентите ќе избираат меѓу 4 нивоа на опременост.

Основната верзија е Standard Range, опремена со еден електромотор. Погонот е на задните тркала, а возната автономија со едно полнење на батериите е 370 километри. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,9 секунди.

Следуваат модификациите Long Range, AWD (Dual-Motor All-Wheel Drive) и Performance. Последните две имаат по два електомотора (соодветно погон на четири тркала). Најмоќната опција од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 3,5 секунди и ќе развива максимална брзина од 241 km/h. Возната автономија кај оваа модификација е 470 километри.

Според експертите, Tesla Model Y ќе биде еден од бестселери на пазарот во 2020 година. Основната варијанта на вториот кросовер на американскиот производител ќе чини 40.000 долари, што е само за 5000 долари повеќе од Model 3, кој во моментов е најпродаван електромобил на Tesla. Топ-верзијата на Model Y ќе се нуди за 60.000 долари.